Русија пробно лансираше интерконтинентална балистичка ракета, откако го суспендираше учеството во договорот за нуклеарно разоружување со Американците. Според Пентагон Русија ги известила САД за планираниот тест.
-
Свет 12.04.2023 11:54
-
Свет 12.04.2023 11:40
Конститутивна седница на новиот состав на бугарскиот парламентот
Заклетва на новоизбраните пратеници во Народното собрание на Бугарија, на свечена седница со која се отвора новиот парламентарен состав. Парламентот ќе има 58 жени и 182 мажи.
-
Свет 12.04.2023 11:36
Во САД продолжува истрагата за објавените тајни документи
Скандалот со објавените тајни документи на Пентагон во фокусот на американската влада. Министерството за правда спроведува кривична истрага за објавените тајни информации во кои, меѓу другото, се наведени детали за украинската војна, но и прислушување на сојузниците.
-
Свет 12.04.2023 09:20
Бахмут останува приоритет на фронтот
Бахмут и натаму во фокусот на руско-украинскиот конфликт. Москва тврди дека контролира 80 проценти од градот, а Киев демантира. Украина бара од сојузниците дополнителни средства за борба.
-
Свет 12.04.2023 09:16
Тајпеј: Вежбите се сериозни предупредувања во Тајванскиот теснец
„Последните вежби во Тајванскиот теснец се сериозни предупредувања за растечките провокации против суверенитетот“, изјави Владата во Тајпеј. Според нив, Кина којашто одржа тридневни воени маневри не покажувала одговорност.
-
Свет 12.04.2023 09:06
Нов судир со Ерменија и Азербејџан, има жртви
Ерменија и Азербејџан со меѓусебни обвинувања за отворање оган врз спорниот регион Нагорно-Карабах во најновиот судир во кој загинаа седум војници.
-
Свет 12.04.2023 09:00
Вонредна состојба во Италија поради миграните
Италијанската десничарска Влада прогласи вонредна состојба поради зголемените мигрантски бранови преку Средоземно Море.
-
Свет 11.04.2023 21:23
Земјотрес од 4,2 степени ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција.
Турските медиуми јавуваат дека земјотресот се случил околу 13.30 часот по локално време и дека епицентарот бил во близина на градот Агри.
Земјотресот се случил на длабочина од 1,8 километри.
-
Свет 11.04.2023 18:39
Претседателката на Тајван ги осуди кинеските вежби како неодговорни
Претседателката на Тајван, Цаи Инг-Вен ја осуди Кина за нејзините тридневни воени вежби околу самоуправниот остров, велејќи дека тие се неодговорни и претставуваат закана за регионалната стабилност.
-
Свет 11.04.2023 18:08
Германија ја протерува амбасадорката на Чад
Германските власти денеска наредија на амбасадорката на Чад да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти германското Министерство за надворешни работи.










