Полицијата во Тел Авив застрела напаѓач со пиштол, кој пукал во луѓе и удрил со автомобил во пешаци. Еден загинал, а неколкумина се повредени во инцидентот.
Во нападот загинал италијански турист. Напаѓачот е државјанин на Израел со арапско потекло.
Полицијата во Тел Авив застрела напаѓач со пиштол, кој пукал во луѓе и удрил со автомобил во пешаци. Еден загинал, а неколкумина се повредени во инцидентот.
Во нападот загинал италијански турист. Напаѓачот е државјанин на Израел со арапско потекло.
Сергеј Лавров во работна посета на Турција на покана на министерот за надворешни работи Чавушоглу. За време на престојот во Анкара шефот на руското МНР беше примен од претседателот Ердоган.
Ако украинската војска стигне до границата на Крим, Киев е подготвен на преговори со Москва за иднината на полуостровот, изјавил висок советник на Зеленски.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска вети дека „ќе ги поддржи сите напори за враќање на мирот во Украина“, се вели во заедничката изјава по завршувањето на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Кина.
Луѓето од југот и од северот на Косово се револтирани од Приштина и меѓународната заедница, вели српскиот претседател Вучиќ. Го обвини премиерот Албин Курти дека ги иселува Србите од Косово.
Бугарија повторно во политички ќор-сокак. Коалицијата Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ. Бојко Борисов, пред два дена соопшти дека единствената задача пред новото Народно собрание е формирање редовна влада.
Турција загрижена за можна ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија. Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, кој е домаќин на средбата со неговиот руски колега Лавров во Анкара, истакна дека само правичен мир може да стави крај на војната.
Шефот на дипломатијата на Русија, Лавров во Анкара на разговори со неговиот колега Чавушоглу. На маса – ситуацијата за Украина, договорот за жито, енергетските прашања, како и нормализацијата на односите Нагорно-Карабах и дијалогот Анкара-Дамаск.
Над 5.000 луѓе избегаа од источен Мјанмар во Тајланд поради разгорените битки меѓу мјанмарската војска и бунтовничките групи во пограничните региони.
200 пожарникари се бореа со огнот кој изби на Голем пазар во Мексико Сити. Засега нема информации за повредени.