Доналд Трамп се пријави во судот во Њујорк и стана првиот претседател во историјата на САД кој се соочил со обвинение за кривично дело. Трамп пристигна во судот во Менхетн каде формално ќе биде приведен, ќе му бидат земени отпечатоци од прсти и ќе му биде направенa полициска фотографија.
-
Свет 04.04.2023 20:36
-
Свет 04.04.2023 17:16
Столтенберг: Финска добива железна гаранција за безбедност
Финска е 31-ва членка на НАТО. Во свет каде што Русија и Кина се сè поблиски, важно е да бидеме заедно како сојузници во НАТО, вели генералниот секретар на алијансата. Со Хелсинки и Стокхолм поднесе барање, но сè уште нема консензус, поради турското вето.
-
Свет 04.04.2023 12:15
Финска денеска официјално станува членка на НАТО
Финска и официјално 31-ва членка на НАТО. Претседателот, Саули Ниинисто, вели дека со ова земјата ќе биде побезбедна. Првиот човек на Алијансата оцени дека ова не е важно само за сојузот, туку и за Скандинавија и Балтикот.
-
Свет 04.04.2023 12:15
Трамп на прво сослушување во Њујорк
Засилено полициско обезбедување во Њујорк пред првото сослушување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој е под истрага за поткуп на порно актерка во замена за медиумски молк за нивната афера пред изборите во 2016 година.
-
Свет 04.04.2023 10:16
Нови дојави за бомби во училиштата во Софија
Десетина училишта во Софија денеска преку е-пошта добија закани за поставени бомби. Според бугарските медиуми има закани и кон други училишта во државата.
-
Свет 04.04.2023 09:54
Регистриран земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала ноќеска во 0:25 часот ја погоди околината на Крагуевац во Србија. Епицентарот бил на 20 километри западно од Крагуевац, на длабочина од околу 15 километри.
Засега нема информации за материјална штета.
-
Свет 04.04.2023 09:20
Жртви во израелски воздушен напад
Во израелски воздушен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск загинаа двајца цивили, а предизвикана е и одредена материјална штета. Сириската противвоздушна одбрана пресретнала ракети лансирани од Израел по полноќ од Голанската висорамнина и ги собори повеќето од нив.
-
Свет 04.04.2023 09:14
Трамп на прво сослушување во Њујорк
Засилено обезбедување во Њујорк пред првото сослушување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој е под истрага поради исплата од 130.000 долари на порно актерка пред изборите во 2016 година во замена за медиумски молк за нивната афера.
-
Свет 04.04.2023 09:13
Железничка несреќа во близина на Хаг
Воз со педесетина патници излета од шините во Холандија, по што удри во градежничка опрема на пруга. Едно лице загина, а триесетина се повредени.
Причините за несреќата во близина на Хаг се непознати.
-
Свет 04.04.2023 09:12
Битката за Бахмут продолжува
Продолжува битката за Бахмут. Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија,Гроси, утре во посета на Калининград на преговори за нуклеарката на Запорожје. Западните сојузници му пратија на Киев помош од 65 милијарди евра, ММФ кредит од 2,7 милијарди долари, а Полска „мигови 29“.










