Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата.
-
Свет 05.04.2023 17:38
-
Свет 05.04.2023 14:15
Уапсен сопругот на поранешната шкотска премиерка Старџен
Сопругот на поранешната шкотска премиерка Никола Старџен е уапсен во рамките на истрага за финансирање на Шкотската национална партија.
58-годишниот Питер Мурел е вмешан во случај со донации од 600.000 фунти, што наводно партијата ги собрала за кампања и втор референдум за независност.
-
Свет 05.04.2023 13:04
Трамп обвинет за 34 кривични дела, пред судот се изјасни за невин
За првпат во историјата на САД e покренато обвинение против поранешен претседател. Доналд Трамп пред судот на Менхетен се изјасни за невин по сите 34 точки. По враќањето од Њујорк, јавно го коментираше обвинението и практично одржа предизборен говор пред неговите приврзаници.
-
Свет 05.04.2023 12:12
Макрон во тридневна државна посета на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон во тридневна државна посета на Кина. Тоа е прва посета на шеф на француската држава на Пекинг од 2019 година.
-
Свет 05.04.2023 09:54
Немири во Израел
Израелската полиција упадна во џамијата Ал-Акса во Стариот град во Ерусалим. Употребени шок бомби врз Палестинци кои фрлале пиротехнички средства.
-
Свет 05.04.2023 09:53
Зеленски во посета на Полска
Обновата на Украина ќе биде најголемиот економски проект во Европа во „животот на неколку генерации“, вели украинскиот претседател Зеленски. Тој верува оти САД ќе застанат со Украина и ќе помогнат во обновата на државата и им се заблагодари на гувернерите за поддршката.
-
Свет 05.04.2023 09:53
Трамп се изјасни за невин за сите 34 точки од обвинението
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по 34 точки од обвинението откако им се предаде на властите во судот на Менхетен, во Њујорк. Трамп формално беше уапсен, но беше пуштен на слобода откако беше прочитано обвинението.
-
Свет 04.04.2023 20:36
Доналн Трамп е формално уапсен
Доналд Трамп се пријави во судот во Њујорк и стана првиот претседател во историјата на САД кој се соочил со обвинение за кривично дело. Трамп пристигна во судот во Менхетн каде формално ќе биде приведен, ќе му бидат земени отпечатоци од прсти и ќе му биде направенa полициска фотографија.
-
Свет 04.04.2023 17:16
Столтенберг: Финска добива железна гаранција за безбедност
Финска е 31-ва членка на НАТО. Во свет каде што Русија и Кина се сè поблиски, важно е да бидеме заедно како сојузници во НАТО, вели генералниот секретар на алијансата. Со Хелсинки и Стокхолм поднесе барање, но сè уште нема консензус, поради турското вето.
-
Свет 04.04.2023 12:15
Финска денеска официјално станува членка на НАТО
Финска и официјално 31-ва членка на НАТО. Претседателот, Саули Ниинисто, вели дека со ова земјата ќе биде побезбедна. Првиот човек на Алијансата оцени дека ова не е важно само за сојузот, туку и за Скандинавија и Балтикот.










