• Свет 09.03.2023 10:06

    Во ракетен напад погоден енергетски објект во Одеса

    Руската војска изврши ракетни напади врз голем број украински региони во Одеса и Харков, оставајќи без струја неколку области. Нападите погодија широк опсег на цели, меѓу кои и градовите Житомир, Виница и Ривне, на запад до Дњепар и Полтава во централна Украина.

  • Свет 09.03.2023 10:01

    ОН: Помошта за Авганистан доведена во прашање

    Претставничката на ОН во Авганистан предупреди дека најверојатно, поради тоа што талибанските власти не ги почитуваат правата на жените, ќе има намалување на помошта и инвестициите во развојот на земјата, каде што жените се исто толку исплашени.

  • Свет 08.03.2023 21:26

    ТикТок може да се користи за контрола и манипулација со информациите

    Апликацијата ТикТок може да се користи за контрола на податоци и софтвер на милиони уреди во САД и за поттикнување на наративот за поделба на Америка, додека дури и разузнавачките служби би можеле да ја пропуштат таквата манипулација, изјави денеска директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

  • Свет 08.03.2023 14:35

    Железничка несреќа во Египет

    Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти. Повредените се префрлени на лекување. Возот сообраќал кон градот Менуф во делтата на Нил.

  • Свет 08.03.2023 14:24

    Заканувачки пораки за експлозии доби Европската комисија

    На адресата на Европската комисија пристигнале две заканувачки пораки, на руски јазик за експлозии, за што била информирана и полицијата во Брисел.

    Белгискиот национален кризен центар предупредува дека пораките не се веродостојни, но ги сфаќаат многу сериозно.

  • Свет 08.03.2023 12:50

    Револтот во Грција по железничката несреќа не запира, синдикатите на штрајк

    Работничките синдикати кои штрајкуваат ги запреа транспортните услуги во знак на протест поради смртта на 57 луѓе во најголемата железничка катастрофа во Грција, која ги откри големите безбедносни недостатоци.

  • Свет 08.03.2023 12:16

    Се интензивираат борбите во Бахмут

    Руската паравоена група „Вагнер“ се фали со триумф во источен Бахмут. Според украинскиот претседател Зеленски, падот на градот би значел отворање на патот за руските трупи кон другите градови.

  • Свет 08.03.2023 10:13

    Работниците на протест во Грција, блокади во сообраќајот

    Работниците од јавниот сектор во Грција се приклучуваат на големиот штрајк во знак на протест поради железничката несреќа во која загинаа 57 лица.

  • Свет 08.03.2023 10:08

    Обвинение за Иран за хакерски напад врз Институтот за технологија

    Израел го обвини Иран за хакерски напад, чијашто цел бил главниот Инженерски образовен институт во земјата. Националната кибер-дирекција наведува дека хакерската група, која е одговорна за упадот во системот во градот Хаифа, работела за Техеран.

  • Свет 08.03.2023 10:02

    Масовни протести во Грузија против законот за странски агенти

    Илјадници луѓе во Грузија демонстрираа против предложениот закон против „странски агенти“. Пред парламентот во Тбилиси полицијата употреби солзавец и водени топови за да го растури протестот.

Pages