• Свет 21.05.2023 09:49

    Загинаа стотици цивили, илјадници се повредени во Судан

    Бројот на цивили кои загинаа во судирите меѓу суданската армија и силите за брза поддршка достигна 850, околу 3.400 се повредени. Се посочува дека бројот на настрадани може да биде многу поголем, бидејќи лекарите немаат пристап до многу болници, особено тие надвор од главниот град Картум.

  • Свет 21.05.2023 09:45

    Москва тврди дека го зазела Бахмут, Киев негира

    Русија објави дека го освоила украински град Бахмут, што, ако се потврди, ќе го означи крајот на најдолгата битка од 15-месечната војна.

  • Свет 21.05.2023 09:42

    Бајден на средба со Зеленски

    Американскиот претседател Бајден на средба со украинскиот претседател Зеленски на самитот на Г7 во Хирошима. САД го отвори патот за испорака на борбените авиони „Ф-16“ на Украина за да се брани од руската инвазија.

  • Свет 21.05.2023 09:39

    Парламентарни избори во Грција

    Општи избори во Грција на кои најверојатно нема да има јасен победни. Доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули.

  • Свет 20.05.2023 17:58

    Реакција на Русија за авионите Ф-16 за Украина

    Западните земји се соочуваат со „колосален ризик“ доколку ја снабдат Украина со млазни авиони Ф-16 предупреди Кремљ. Заменикот на Лавров, Александер Грушко оцени дека западните земји останале приврзани на сценариото за ескалација на кризата.

  • Свет 20.05.2023 17:12

    Јаков Милатовиќ денес положи заклетва, Црна Гора доби нов претседател

    Заврши свечената церемонија на инаугурација на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Тој положи заклетва во црногорскиот Парламент и стапи на должност претседател на државата.

  • Свет 20.05.2023 14:25

    Судирите во Судан продолжуваат, раселени над милион луѓе

    Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри, во изминатото деноноќие повторно биле цел на воздушни напади. Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе.

  • Свет 20.05.2023 13:23

    Утре избори во Грција

    Грците в недела излегуваат на најнеизвесните национални избори во последната деценија, последните анкети покажуваат дека конзервативниот премиер Мицотакис има речиси шест проценти предност пред неговиот најблизок ривал и претходник, левичарот Ципрас.

  • Свет 20.05.2023 10:00

    Русија потроши две третини од своите ракети

    Украинската воздушна одбрана успешно ги одбива руските ракетни напади со помош на системи обезбедени од западот. Од крајот на април, Русија продолжи со масовното гранатирање на градовите. Причината е можеби тоа што на Русија ѝ остануваат сè помалку проектили.
     
  • Свет 20.05.2023 09:56

    Жртви и материјална штета во поплавите во Италија

    Над 10 луѓе загинаа во италијанскиот регион Емилија Ромања, кој е еден од најпогодените од поплавите. Илјадници останаа без покрив над главата, се вршат евакуации. Новиот дожд буди страв кај многумина. За само два дена наврна количество вообичаено за половина година.

Pages