Премиерот Мицкоски е во посета на фабриката „Амфенол“ во Кочани. Се најавува нова хала на компанијата каде ќе има нови вработувања.
Известува Борис Грујоски.
Премиерот Мицкоски е во посета на фабриката „Амфенол“ во Кочани. Се најавува нова хала на компанијата каде ќе има нови вработувања.
Известува Борис Грујоски.
Министерството за економија и труд преку Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.
Книжарите почнаа да лепат нови, намалени цени на училишниот прибор. На рафтовите ја има и старата, но и новата цена, па така купувачите може да направат споредба, колку ќе заштедат пред стартот на учебната година. Ќе се купува до 15% поевтино.
Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Денеска е објавен оглас за набавка на меркантилна пченица за стоковните резерви од годинешнава реколта, од регистрирани производители на земјоделски производи.
Цените на зелените пазари вртоглаво растат. Најголемо покачување се забележува кај овошјето, велат граѓаните. Дали ќе се купи килограм, половина килограм или едноставно ќе се одмине тезгата со овошје зависи од финансиската моќ на купувачите.
„Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод – Охрид, поводот е порибување на Охридското езеро согласно договорот кој го склучивме во Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шума
Власта размислува, зголемувањето на платите да се врзе со растот на продуктивноста – премиерот Мицкоски откри дел од мерките за борбата со инфлацијата. Свесен е дека ќе бидат болни, и оти може да имаат и политичка цена.
„Нема да се толерира дивеење на одредени синџири на супермаркети, кои со скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите“ – премиерот Христијан Мицкоски изјави дека анализите покажале оти во одредени сектори услугите се зголемени за повеќе од 20 проценти.
Од денеска почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15-ти август до 15-ти септември.