Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска престојува во тридневна работна посета на Република Турција, каде ќе оствари средби со претставници на турската Влада и ќе учествува на 28. Евроазиски економски самит.
-
Економија 05.05.2025 10:50
-
Економија 05.05.2025 08:33
Седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.
-
Економија 04.05.2025 10:10
Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион
Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на новововедените линии Барселона - Скопје и Лион - Скопје.
-
Економија 03.05.2025 18:04
Исплатени се 49.658.739 денари кон 761 оризопроизводител
Денеска се изврши исплата на директни плаќања за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи, информираат од Министерството за земјоделство. Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 корисник.
-
Економија 03.05.2025 16:47
И вториот полски тур-оператор ги откажа летовите до Охрид
И „Рего Бис“ нема да лета до Охрид. По откажувањето на најголемиот полски тур-оператор „Реинбоу“, и покрај покачувањето на субвенциите за полските туристи на 65 евра по лице од страна на државата, и „Рего Бис“ ја донесе истата одлука.
-
Економија 02.05.2025 18:09
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
Народната банка традиционално, по повод денот на монетарната самостојност, ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.
-
Економија 02.05.2025 16:55
Од денеска трговците можат да ги формираат цените, заврши ограничувањето на маржите од 5%
Лебот, млекото, јајцата, брашното, јогуртот, маслото за јадење од сега ќе се продаваат без ограничени маржи. Заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари.
-
Економија 02.05.2025 16:41
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени
За 4,7 отсто е намален јавниот долг во првиот квартал од годинава, од 62,4 проценти од БДП на 57,7. Намалување бележи и државниот долг, сега изнесува 50,1 отсто, според податоците на Министерството за финансии. Ова е најниско ниво на долгот во последните пет години.
-
Економија 02.05.2025 13:16
Трговците ги формираат новите цени
За 1 Мај не работеа, ама од денеска трговците слободно можат да ги формираат цените, откако заврши ограничувањето на маржите од 5% со кои се продаваа млекото, лебот, брашното, јајцата, маслото, јогуртот и другите производи опфатени во 102 групи производи, или над 1.000 артикли.
-
Економија 02.05.2025 13:11
Јавниот долг намален за 4,7 отсто
Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од бруто домашниот производ. Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Намалување има и на државниот долг кој изнесува 50,1 процент.










