Подобра инфраструктура, разрешување на застојот со патните исправи за да не го кочи извозот и политиката да не се меша во бизнисот, се барањата на прилепските стопанственици за подобра стопанска година.
-
Економија 24.02.2024 10:57
-
Економија 23.02.2024 14:19
Од полноќ дизелот поевтинува
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари и еден литар ќе чини 78,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 23.02.2024 08:04
Оглас за поддршка на земјоделски манифестации
Документите за финансирање на организирањето и одржувањето на саеми и на локални манифестации за промоција на земјоделски производи на објавениот огласот ќе можат да се поднесуваат заклучно до 26-ти февруари годинава.
-
Економија 22.02.2024 18:00
Николовски: Го зајакнуваме договорното производство на сончоглед
Денеска во Велес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски разговараа со производителите на сончоглед.
-
Економија 22.02.2024 16:19
Земјоделскиот сектор „рај“ за сивата економија
Само 5 насто од ангажираните во земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион имаат некакви договори за работа, а преку 40.000 лица се неформално ангажирани во Секторот.
-
Економија 22.02.2024 14:19
Бура од реакции по новото поскапување на катастарските услуги
Бура од реакции во јавноста откако поскапеа катастарските услуги. Граѓаните принудени да си платат повеќе за да добијат документите, револтирани велат на скапотијата и нема крај.
„Катастрофа, ова е премногу. Неиздржливо за наши услови“, изјави граѓанин.
-
Економија 22.02.2024 13:38
Земјоделието со најголем удел во сивата економија, покажуваат истражувањата
Сивата економија со 33 проценти учествува во бруто домашниот производ. Најмногу според истражувањата ја има во земјоделскиот сектор. Речиси половина од работниците не се пријавени. Елизабета Митреска известува за истражувањата на Агро Лидер за сивата економија во земјоделството.
-
Економија 22.02.2024 13:05
Просечната плата во декември 39.998 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 22.02.2024 11:15
Средба Битиќи – Смит
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит.
-
Економија 22.02.2024 08:22
Субвенции за рибарство
Со 90 милиони денари во 2024 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.










