Воведувањето на бугарската такса за гас кој го увезуваат од руски „Гаспром“ се заканува да ја зголеми цената на струјата и парното, и до 20 проценти, вели премиерот Ковачевски. И тој и министерот за економија, Бектеши реагирале до Европската комисија преку претседателката Фон дер Лајен.
-
Економија 01.11.2023 15:43
-
Економија 01.11.2023 14:17
Бесими оствари средба со Матео Колангели и Фатих Туркменоглу
Европската банка за обнова и развој е една од најзначајните и најактивна меѓународна финансиска институција во земјава која има голем придонес во постигнатиот напредок и развој на земјата.
-
Економија 01.11.2023 12:22
Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле правото
Министерството за образование и наука информира дека од денес отворена е можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои поради каква било причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици.
-
Економија 01.11.2023 11:55
Битиќи: Се грижиме за сите и креираме мерки за граѓаните празниците да ги поминат со полна трпеза
„Во подготовка сме на буџетот за следната година, предвидуваме антикризни мерки кои ќе бидат солидарни и правични, насочени кон сите, за граѓаните да може да ги поминат празниците со полна трпеза, мерките тоа ќе го гарантираат“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Ма
-
Економија 01.11.2023 08:15
Од денеска повисоки сметки за парно
Од денеска 4,51 отсто се зголеми цената на парното греење во Скопје, со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
-
Економија 01.11.2023 08:15
Целосно искористени парите од ИПАРД 2
На последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата се пристигнати 58 барања за инвестиции од 8,8 милиони евра. Според Министерството за земјоделство со нивната реализација веќе целосно се искористени средствата од претходниот фонд за претпристапна помош од Европската унија.
-
Економија 31.10.2023 16:03
Ниските примања не дозволуваат да штедиме, велат граѓаните
Сакаме да штедиме, тоа е добро и за нас, а особено за иднината на нашите деца, но ниските примање тоа тешко го дозволуваат, ова е најчестиот одговор на граѓаните со кои поразговаравме на Меѓународниот ден на штедењето. За во иднина се надеваат на повисок животен стандард.
-
Економија 31.10.2023 15:45
На крајот на третиот квартал јавниот долг намален на 55,8% од БДП
Јавниот долг продолжува да се намалува, информираат од Министерството за финансии. Последните податоци објавени денеска, коишто се однесуваат на третиот квартал од 2023 година, покажуваат намалување за 2,1 п.п. во однос на претходниот квартал и 3,9% во однос на крајот на 2022 година.
-
Економија 31.10.2023 14:34
Сметките за парно ќе бидат повисоки за 4,5 отсто
Топлинската енергија од ТЕ-ТО е двојно поевтина отколку онаа од другите топлани. Носењето на одлуката било исклучително тешко, бидејќи требало да се врати позајмицата на Владата од шест милиони евра, дадена во јануари 2022 година.
-
Економија 31.10.2023 12:52
Ангеловска-Бежоска: Депозитите на домаќинствата се зголемени за 20%, граѓаните имаат доверба во банките
Депозитите на домаќинствата, од пандемијата досега, се зголемени за 20%. Во моментов граѓаните им имаат доверено 340 милијарди денари на банките, наведува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод на Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври.










