Дента кога владата ќе ја објави одлуката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари во службен весник, рафтовите ќе останат празни. Производителите на леб се заканија дека ќе го прекинат производството, ако надлежните ја донесат оваа, според нив, погрешна одлука.
-
Економија 27.02.2023 14:02
-
Економија 27.02.2023 13:41
Пониска цена на горивата од полноќ
Бензинот Еуросупер БС-98 и дизел горивото поевтинуваат за денар, а бензинот Еуросупер БС-95 за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија.
-
Економија 27.02.2023 13:26
Осумгодишно дете- најмлад милионер во земјава
Осумгодишно дете е најмладиот милионер во земјава со остварени приходи од над еден милион денари, а највисоката плата исплатена во 2021-ва изнесува 122,3 милиони денари кај граѓанин од Скопје за дејноста трговија на големо со тутун, покажуваат анализите на УЈП на годишните даночни пријави.
-
Економија 27.02.2023 13:01
Продолжува скринингот во Брисел по кластерот „Внатрешен пазар“
Продолжува скринингот во Брисел по кластерот „Внатрешен пазар“. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја предводи македонската делегација за преговори со европските претставници за поглавјето 9 „Финансиски услуги“ и за поглавјето 28 „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.
-
Економија 27.02.2023 12:11
Во тек е етапната исплата на февруарските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека денес започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
-
Економија 27.02.2023 09:52
Во изминатото деноноќие произведени 13.114 MWh електрична енергија
АД ЕСМ во изминатото деноноќие произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
-
Економија 25.02.2023 14:21
Преку попусти до заживување на старата битолска чаршија
Со староградска песна за добредојде и гласното повелете на дуќанџиите и занаетчиите, од вчера започна дводневната акција за враќање на некогашниот сјај на старата битолска чаршија. Иницијативата производите и услугите да се намалат од 10 до 50 проценти, наиде на голем одзив.
-
Економија 25.02.2023 13:44
30 години членство, Светска банка стратешки партнер во остарување на развојните цели
Република Северна Македонија одбележа 30 години членство во Групацијата на Светска банка.
-
Економија 25.02.2023 13:23
Во вторник ќе се замрзне цената на лебот
Цената на лебот во вторник ќе се замрзне, белиот и полубелиот нема да смее да се продаваат над 33 денари, најави министерот Бектеши. Се прават анализи да се ограничат највисоките цени за продажба и на други производи. Средствата ќе се користат за укинување на некои давачки.
-
Економија 25.02.2023 12:19
Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари
Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2.000 денари, соопштуваат од Министерството за труд и социјала.










