Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со 1 милијарда сточарството. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
-
Економија 15.02.2023 08:37
-
Економија 14.02.2023 09:44
Во изминатото деноноќие произведени се 20.047 MWh електрична енергија
АД ЕСМ на 13.02.2023 година произведе 20.047 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
-
Економија 14.02.2023 08:31
Субвенции за мали винарии
Корисници на средствата можат да бидат земјоделци регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно или независни производители на ракија и жестоки алкохолни пијалаци, односно мали дестилерии.
-
Економија 13.02.2023 14:15
Нови цени на горивата
Од полноќ бензините поевтинуваат, дизелот поскапува за половина денар – одлучи регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „Еуросупер“ БС – 95 ќе изнесува 81,50 денари за литар, „Еуросупер“ БС – 98, 83,50 денари. Еуродизелот ќе се продава за 76,50 денари за литар.
-
Економија 13.02.2023 11:27
Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош, согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
-
Економија 13.02.2023 10:27
Во изминатото деноноќие произведени се 22.933 MWh електрична енергија
АД ЕСМ вчера произведе 22.933 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
-
Економија 13.02.2023 08:36
Субвенции за растително производство
По 6.000 денари за хектар, годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни, индустриски култури, добиточна храна, лековити, ароматични и зачински растенија. Услов е минималната засеана површина, збирно со сите култури да изнесува 0,5 хектари.
-
Економија 12.02.2023 15:11
Во изминатото деноноќие произведени се 20.516 MWh електрична енергија
АД ЕСМ на 11.02.2023 година произведе 20.516 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
-
Економија 10.02.2023 16:52
Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии, ќе се распише нов
Министерството за транспорт и врски ќе распише нов јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии.
-
Економија 10.02.2023 15:06
Компаниите што не ги поевтиниле производите ќе ја изгубат повластената цена на струјата
Производителите на храна добија рок од најмногу 20-тина дена да ги поевтинат производите, во спротивно ќе им се укине субвенционираната струја. Ќе мора да си купуваат сами на слободниот пазар – предупреди министерот Бектеши.










