Без конкретни антикризни мерки заврши седницата на социо-економскиот совет. Членови на Владата ги слушнале предлозите од бизнис-секторот, синдикатот и универзитетските професори, по што им рекле – ќе излезат со мерки во најскоро време.
-
Економија 05.10.2022 19:07
-
Економија 05.10.2022 16:04
Туристичкиот сектор бара стратегија за развој на туризмот во вонредни услови
Поради енергетската и економската криза што ја предизвика војната во Украина ние како држава практично немаме стратегија за развој на туризмот, бидејќи постојната се подготвувала во други услови.
-
Економија 05.10.2022 14:43
Седница на Економскиот совет, се бараат мерки за преживување
Коморите бараат итни мерки за преживување на компаниите, синдикатите очекуваат усогласување на платите со порастот на инфлацијата, економистите сугерираат заштита на најранливите категории. Секој со свој предлог и со свое барање на седницата на владиниот Економски совет.
-
Економија 05.10.2022 13:05
Заседава Економскиот совет, се очекуваат нови мерки за справување со кризата
Во Владата состанок на Економскиот совет. Се очекуваат нови мерки за справување со енергетската криза. Присутни стопанските комори, синдикалци, економисти. Едните бараат дежавна помош, другите ќе делат совети.
-
Економија 05.10.2022 10:46
Топланите под закуп до крајот на грејната сезона
Владата и „Адора“ се договорија, топланите за парно греење одат под закуп до крајот на грејната сезона. Со нив ќе работи АД ЕСМ.
Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 05.10.2022 08:48
Компаниите очекуваат нови мерки, во спротивно најавуваат затворање на капацитетите и отпуштање работници
Стопанската комора до денеска ѝ даде рок на Владата да донесе конкретни мерки за помош на компаниите или ќе почнат да ги затвораат капацитетите.
-
Економија 05.10.2022 08:13
Во 14 региони се нудат ловишта под концесија
Од 14-те ловни подрачја кои се нудат на последниот јавен повик најголем број односно 12 се за концесија на ситен, а два се за давање под концесија на крупен дивеч.
-
Економија 04.10.2022 11:34
Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола
Во РЕК Битола е во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15-ти октомври, соопшти АД ЕСМ. Поради енергетската криза во државата и во Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе.
-
Економија 04.10.2022 11:25
Финансиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун.
-
Економија 04.10.2022 08:55
Почна распределбата на зелената нафта
Скоро 50.000 земјоделци од целата држава ќе добијат електронска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, а им следува не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.










