Малопродажните цени на евродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари и од вечер на полноќ ќе изнесуваат 54,50 денари за литар, односно 43,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
-
Економија 15.02.2021 13:47
-
Економија 15.02.2021 11:50
Во јануари зголемени трошоците на живот и цените на мало на годишно ниво
Трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на претходниот месец, се пониски за 0,2 проценти, а кај цените на мало нема промени. Во однос на јануари лани трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти, објави денеска Државниот зваод за статистика.
-
Економија 14.02.2021 16:53
Се намалуваат злоупотребите на државната помош
Намален е бројот на фирми кои добиле помош од државата, а не им исплатиле плати на работниците. Според последните податоци на Управата за јавни приходи, остануваат уште 258 работодавачи кои зеле пари од буџетот, но не ги проследиле до вработените.
-
Економија 12.02.2021 15:17
Занаетчиите бараат да продолжи помошта од државата
Да продолжи мерката за минималната плата која се движи од 17.410 денари, но и занаетчиите да добијат еднократна парична помош, за да ги покријат oстанатите давачки, бара Занаетчиската комора.
-
Економија 12.02.2021 10:46
Бесими- Ангелов: Посветени сме на изградбата на железничкиот дел од Kоридорот 8
Продлабочување на економската соработка, но и забрзана реализација на значајни инфраструктурни проекти со што ќе се зголеми поврзаноста помеѓу РС Македонија со Република Бугарија, беа тема на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Бугарија, Ан
-
Економија 11.02.2021 14:41
Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа
Рестораните категоризирани за организирање свадби и други семејни свечености побаа од Владата итно донесување на посебен протокол што ќе овозможи нивно постепено активирање со почитување на сите предвидени мерки за безбедноста на гостите и на персоналот.
-
Економија 11.02.2021 10:31
Субвенции за земјоделски задруги
Право за користење на средствата од Програмата за руруален развој за 2021 година имаат сите земјоделски задруги кои се регистрирани во Регистарот на Министерството за земјоделство.
-
Економија 10.02.2021 15:52
Сметководителите бараат повлекување на законските измени за сметководствени услуги
Да се повлече Законот за сметководствени услуги од Собранието бараат од Комората на сметководители. Реагираат на предложените измени со кои во дејноста се предвидува слободен влез на странски државјани од земјите на Европската економска заедница.
-
Економија 10.02.2021 15:10
Претставени плановите за енергетска транзиција
До 2026 година првиот блок од РЕК Битола кој сега работи на јаглен ќе биде заменет со когенеративна гасна електроцентрала со моќност од 250 мегавати. Модернизација се најавува и на другите два блока. Државната компанија ЕСМ го претстави процесот на енергетска транзиција.
-
Економија 10.02.2021 10:27
Поголема либерализација и продлабочување на пазарот на капитал преку измени на Законот за инвестициски фондови
Владата на Република Северна Македонија ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал.









