Нема да има промена на цената на горивата - бензинот и дизелот од полнок ќе се продаваат по иста цена, одлучи Регулаторната комисија. За половина денар поевтинува само нафтата за домаќинствата, ќе се продава за 41 денар, покачување на цената за 0,168 денари има кај мазутот.
-
Економија 01.02.2021 13:26
-
Економија 31.01.2021 14:33
Пандемијата го зголеми интересот за самовработување
Минатата година во услови на пандемија еден од најголемите предизвици беше како да се сочуваат работните места и во истовреме да се создаваат можности за отворање на нови.
-
Економија 29.01.2021 13:14
Угостителите на средба со вицепремиерот Битиќи
Денешната средба на претставниците на Независната угостителска комора со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е презакажана за утре.
-
Економија 28.01.2021 15:43
Откупот на тутун влегува во втора фаза, цената останува иста
Една од најтешките откупни сезони на тутунот и во втората фаза останува со проблеми. Две третини од договорените 23.000 тони се купени со иста, неподобрена цена. Долненскиот, Кривогаштанскиот и Крушевскиот регион остануваат како најтешки, каде најмалку е купен тутун, по една третина.
-
Економија 28.01.2021 15:32
Расте цената на становите во Охрид и Струга
Мораториумот за градба и Планот за управување со природното и културното наследство драстично ги зголеми цените на становите во Охрид. Причината е што речиси една година не се носеа урбанистички планови, а сега истите мора да бидат во согласност со препораките на УНЕСКО.
-
Економија 28.01.2021 13:21
За украсување биле потрошени 405.000 евра
За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за новата 2021-ва година се потрошени вкупно 405.000 евра, што е за 40% помалку од лани, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
-
Економија 28.01.2021 10:45
19,5 милиони евра за рурален развој
Годинава на земјоделци им стојат на располагање 19,5 милиони евра од Програмата за рурален развој. Младите кои ќе почнат сопствен земјоделски бизнис ќе имаа право на 20.000 евра за корисник, или вкупно за помош на младите фармери се предвидени 30 милиони денари.
-
Економија 27.01.2021 16:00
Туристичките агенции ја отворија понудата, граѓаните претпазливи
Македонците годинава скијаат во Србија. Црна Гора ја искористија како дестинација за прошетка. Одморот главно го организирале сами, велат од туристичките агнеции. Патувањето без тестови за Ковид – 19 ги направи примамливи дестинации.
-
Економија 27.01.2021 14:05
Нов регистар на вистински сопственици
Вистинските газди на сите правни субјекти во државата имаат рок од 90 дена да ја евидентираат сопственоста во новиот регистар. Во спротивно ќе наидат на потешкотии во финансиското работење. Истото важи и за уписот на нови фирми, компании и организации, но имаат на располагање 8 дена.
-
Економија 27.01.2021 12:59
Граѓанскиот сектор бара условите за работа од дома да бидат регулирани
Долгорочни последици врз здравјето на работниците донесе новиот начин на работа од далечина. Од граѓанскиот сектор посочуваат на заштитата на личните права на работниците. Бараат условите за работа од дома најскоро бидат регулирани.










