Директен лет од Скопје до Доха. Од јули „Катар Ервејс“ ќе ја поврзе Македонија со Блискиот Исток. Авиокомпанијата ги почнала процедурите за обезбедување на потребните дозволи- информираат од Министерството за транспорт и врски.
-
Економија 06.02.2017 14:33
-
Економија 06.02.2017 13:12
Дизелот и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар
Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот од полноќ се зголемуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 66,5 денари за литар, а на Еуродизелот 53 денари. Цена на Еуросуперот БС-98 останува иста.
-
Економија 06.02.2017 10:12
Прилепските земјоделци во исчекување на средствата од ИПАРД 2
Прилепската фабрика за преработка на овошје и зеленчук „Бим Фуд“ двапати користела средства од Ипард програмата за набавка на машини. Парите се 50 насто неповратни, има процедури, но може да се исполнат условите. Во очекување се на новиот оглас за средства од ИПАРД 2 програмата.
-
Економија 06.02.2017 09:44
ИПАРД: Инвестиции во градинарство
За изградба и модернизација на оранжерии, градинарите можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.
-
Економија 03.02.2017 16:08
Се очекува благ пад на цените на недвижностите
Стан од 225 квадратни метри во Општина Центар е продаден за 425.000 евра – ова е највредната продажбата евидентирана во 2016 година во регистарот на цени и закупи на Катастарот. Најевтино е продаден стан во Штип, 72 квадрата за 2.000 евра.
-
Економија 03.02.2017 14:47
Размената со странство лани 11,5 милијарди долари
Вкупната размена со странство во текот на минатата година изнесувала 11.544.649 илјади долари.
-
Економија 03.02.2017 12:58
Лани продадени 16.667 недвижности, прометот 30 милијарди денари
Во четвртиот квартал од 2016 година се бележи пад во однос на третиот во регистарот на цени и закупнини- велат од Агенцијата за катастар. Оттаму посочуваат дека во 2016 пазарот на недвижности бил стабилен.
-
Економија 03.02.2017 12:47
ЕБОР: Бизнисите во Западен Балкан се соочуваат со нелојална конкуренција
Бизнисите во регионот на Западниот Балкан се соочуваат главно со проблеми поврзани со нелојалната конкуренција во неформалниот сектор, покажало истражувањето на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 6 земји од регионот, во кое биле опфатени сопственици или врвни менаџери од 1.800 фирми.
-
Економија 03.02.2017 10:50
Фонд за иновации: Четврти повик за проекти на „старт-ап“ и „спин-оф“ компании
Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави четвртиот повик за поднесување предлог-проекти за инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ и за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
-
Економија 03.02.2017 10:36
Регистар: Почна запишувањето на новите земјоделски стопанства
Од 1-ви февруари до 15-ти март оваа година земјоделците и новите земјоделски фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државта ќе мора да се запишат во Регистарот за земјоделски стопанства.
Оваа обврска ја имаа и оние кои направиле промени во сопственичката структура.










