• Економија 24.01.2017 09:56

    Привршува откупот на тутун

    Остануваат уште 2.000 до 3.000 тони тутун за откуп. Иако крајниот законски рок е до средината на март, откупот ќе заврши порано. Вредноста на досега откупениот суров тутун е скоро 50 милиони евра, а исплатени се 94 проценти од преземениот род.

  • Економија 23.01.2017 15:48

    Се подготвува нов закон за управување со отпад

    Ќе се менува законската регулатива, но и принципите при справувањето со проблемите поврзани со управувањето со отпадот.

  • Економија 23.01.2017 12:38

    Поевтинуваат горивата

    Горивата поевтинуваат од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цените на 95 октанскиот бензин, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поевтинува за половина денар.

  • Економија 20.01.2017 15:43

    Потрошувачката на струја зголемена за 17 проценти

    Преносната и дистрибутивната електромрежа функционира без посериозни проблеми и во услови на ниски температури и при големи снежни навеви. Далноводите и преносната електромрежа на висок напон се целосно функционални и без нарушувања, а системот стабилен, велат од МЕПСО.

  • Економија 20.01.2017 15:22

    Тутун: Две третини од реколтата се веќе откупени

    Прилепчанецот Данчо Стојоски цел живот е тутунар. Вели, добро се роди, тутунот е квалитетен. Целиот род рачно го сработил. Чекаше времето да пушти за пеглање, за да ги донесе последните количества на вага.

  • Економија 20.01.2017 13:18

    27 стандардизирани инвестициски проекти за земјоделците

    Министерството за земјоделство објавува нови огласи за програмите ИПАРД 2 и за рурален развој за годинава. Како помош за земјоделците подготвени се 27 стандардизирани проекти за сточарски фарми, за овоштарски насади и за силоси.

  • Економија 20.01.2017 12:15

    Зголемена потрошувачка на електрична енергија

    Преносната електро мрежа на висок напон на 400 и 110 киловолтно ниво функционира оптимално и без нарушувања велат од МЕПСО.

  • Економија 20.01.2017 10:18

    Овоштарство: Најголеми субвенции за јагодите во оранжерии

    Корисници на субвенциите во овоштарството ќе може да бидат земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари.

  • Економија 18.01.2017 15:17

    ЕБОР: Повлечен кредитот за „Бошков мост“

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потврди дека е истечен рокот од 5 години за користење на кредитот од 65 милиони евра за изградба на хидроелектраната „Бошков мост“.

  • Економија 18.01.2017 10:07

    Македонците јадат најскапо свинско

    Македонците јадат најскапо свинско месо. Според последниот извештај на цените на месото на европската Унија во ноември, свинското кај нас од таканаречената Е категорија со која се вршат споредбите, се продавало по 150 денари за килограм, или за 52 денари поскапо од европскиот просек.

Pages