Европската унија усвои нацрт-закон за укинување на европските санкции против Иран согласно спогодбата за Иранската нуклеарна програма од јули.
Според иранскиот министер за надворешни работи, тоа е важна фаза во имплементирањето на спогодбата.
Европската унија усвои нацрт-закон за укинување на европските санкции против Иран согласно спогодбата за Иранската нуклеарна програма од јули.
Според иранскиот министер за надворешни работи, тоа е важна фаза во имплементирањето на спогодбата.
Последните врнежи не им годат на ниедна земјоделска култура. Сериозни проблеми има кај доцните сорти на грозје, кај овошките и кај градинарските култури на отворено, кај есенската сеидба и жетвата на оризот, пченката и на сончогледот.
Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне Амандманската расправа за предлог буџетот за 2016-та. До матичната комисија биле поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе
За денеска е закажана седница на Совет на јавни обвинители на чиј дневен ред е давање свечена изјава на седумтемина избрани обвинители од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Таа пред неколку дена ги повика да не ја дадат изјавата, се додека не се комплетира нејзиниот тим.
Комесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска ќе допатува во земјава за да ги придвижи преговорите за имплементирање на политичкиот договор од 2-ри јуни и 15-ти јули.
Насмеани детски и родителски лица. Задоволството се гледа во нивните очи. Заеднички се натпреваруваат. Не е важен победникот, туку поддршката од мама и тато.
Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изразија загриженост поради ризик од придвижување „нов бран“ бегалци од сирискиот град Алепо.
Проблемот што Атина го има со нашето уставно име се искачи високо на агендата на грчката политичка сцена, јавува дописникот на МРТ од Атина. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас преку писмо побарал лидерите на политичките партии да се изјаснат околу ставовите за решението.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе две кривични пријави против четири лица поради основано сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.