Вести

  • Македонија 05.10.2015 10:35

    На „Ало докторе“ досега 55.313 повици

    На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела се регистрирани 1.280 повици. Од воведувањето на линијата во септември минатата година досега имало  55.313 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

  • Свет 05.10.2015 10:30

    Франција: 17 загинати во силното невреме на Азурниот брег

    Бројот на настрадани во невремето што во текот на викендот го погоди југоистокот на Франција се искачи на 17, а четворица се водат како исчезнати. Во силната бура на Азурниот брег, кадешто се уште трае туристичката сезона, за само три часа наврнале 180 милиметри дожд.

  • Економија 05.10.2015 10:21

    Расте бројот на вработени во зоните

    Со зголеменото производство во Технолошко-индустриските развојни зони, расте потребата од ангажирање на нови работници. Според надлежните, до крајот на годината ќе се надмине бројката од 5 илјади вработувања.

  • Македонија 05.10.2015 10:17

    Повеќе од половина од винското грозје е откупено

    Од очекуваните 150 до 180 милиони килограми винско грозје досега се откупени скоро 60 проценти од родот.

    Според Државниот инспекторат за земјоделство, откупот се врши на вкупно 94 пунктови, а исплатата е согласно законот и шеќерните единици.

  • Македонија 05.10.2015 10:14

    Почна исплатата на зголемените пензии

    Почна исплатата на зголемената септемвриска пензија. Околу 300 илјади пензионери ќе добијат повисоки пензии за 621 денар. Со ова зголемување, просечната пензија во земјава ќе изнесува 13 илјади и 85 денари денари, што споредбено со 2006-та година зголемување за над 73 проценти.

  • Македонија 05.10.2015 09:43

    Собранието треба да ја продолжи 67-та седница

    Ново продолжение на 67-та собраниска седница. Пратениците треба да дебатираа по предлог- законот за извршување на Буџетот за 2016-та, по скратена постапка.

  • Култура 02.10.2015 14:43

    Македонската филхармонија со два концерти во Њујорк

    Во срцето на светските случувања - Њујорк, Македонската филхармонија ќе има два концерта. Во престижните „Кауфман„ и „Карнеги Хол“, за пет дена под диргентската палка на маестро Борјан Ценев, камерниот оркестарот ќе ја претстави македонската музичка култура.

  • Економија 02.10.2015 14:09

    Американски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

    Ниско и умерено ниво на државен долг, стабилен курс на националната валута, ниска стапка на инфлација, раст на извозот од технолошко-индустриските развојни зони, премиерот Груевски ги презентираше поволностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените од Конектикат, кои гарантираат предвидли

  • Економија 02.10.2015 13:56

    Продолжува обесштетувањето од невремето- исплатени 2,3 милиони денари

    Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово, соопшти Министерството за финансии. 

  • Свет 02.10.2015 13:29

    Руските напади врз цели на ИД можат да траат 3-4 месеци

    Руските воздушни напади на цели на Исламска Држава можат да траат три до четири месеци, изјави претседателот на Комисијата за меѓународни односи, Алексеј Пушков. Ако дејствуваме поефикасно, резултатите ќе дојдат брзо, додаде Пушков.

Pages