Руските воздухопловни сили извршиле 25 напади во Сирија во последните 24 часа при што биле погодени 9 позиции на Исламска држава во Хомс, соопштија руски претставници.
Вести
-
Свет 05.10.2015 17:40
-
Економија 05.10.2015 17:01
Фолксваген автомобилите ги задоволуваат нормативите кои важат во Македонија
Фолксваген автомобилите ги задоволуваат нормативите кои важат во нашата земја, вели првиот човек на Порше Македонија за Бизнис 365. Во државава е дозволен увоз на возила со Еуро 4, а спорни се автомобилите произведени по Еуро 5 стандард.
-
Македонија 05.10.2015 16:41
Пензионерите задоволни, повисоките пензии легнаа на сметките
300 илјади пензионери ги подигнаа повисоките пензии за 621 денар. Скопјанецот Мирко Малиновски е еден од нив. Работел како молер, во пензија е веќе 15 години. Вели зголемувањето е добредојдено за семејниот буџет.
-
Македонија 05.10.2015 16:29
Бегалска криза: Финансии и солидарност за справување со мигрантите
Македонија покажа високо ниво на солидарност и хуманост во прифаќањето на бегалците. Кризниот штаб управува најдобро што може со центрите во Гевгелија и Табановце, но се соочува со недостиг на финансиски средства, вели директорката на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу.
-
Свет 05.10.2015 16:14
Тројца добитници на Нобелова награда за медицина
Нобеловата награда за медицина за оваа година добиле тројца експерти, Вилијем Кембел и Сатоши Омура наградени се за заедничкиот труд на откритијата за терапија против инфекција предизвикана од црви паразити, додека пак Јују Ту е наградена за откритија во областа на маларијата, пренесува Ројтерс.
-
Македонија 05.10.2015 16:09
Наскоро ќе стартува Академијата за наставници
Со обука и пракса до лиценца - ќе стартува Академија за наставници. Запишувањето нема да биде задолжително за постојниот наставнички кадар. Но, стимулот и за нив би била повисока плата од 3.000 денари и напредок во кариерата.
-
Економија 05.10.2015 15:50
Отворени над 7.250 компании преку проектот за самовработување
Преку проектот за самовработување досега се отворени 7.250 приватни компании. Кон крајот на годината се очекува да се отворат уште 400.
-
Економија 05.10.2015 15:41
Во првите осум месеци од годинава извозот 2,889 милијарди долари
Државниот завод за статистика ги објави новите податоци за трговската размена на земјава со странство за осум месеци од годинава. Во однос на истиот период лани, размената е помала за речиси милијарда долари, но затоа е поизбалансирана, а покриеноста на увозот со извозот достигна 70 проценти.
-
Македонија 05.10.2015 15:38
Угостителите бараат намалување на давачките кон ЗАМП за авторски музички права
Хотелско угостителскиот еснаф реагира на висината на трошоците што ги плаќа кон ЗАМП за авторски музички права.
-
Култура 05.10.2015 15:29
Македонски филмски класици од 8-ми до 12-ти октомври во Скопје
„Каков е овој куфер?- Куфер како куфер- празен!“- Ова е една од познатите реплики која повторно ќе одекне во кино- салите.










