Заедно со Ирска и САД, Македонија е на првата позиција – креатор на работни места според нивна просечна вредност и бројот на жители– покажува извештајот на истражувачката компанија ИБМ, фокусиран на менаџерските и економски анализи.
Вести
-
Економија 24.09.2015 12:26
-
Македонија 24.09.2015 12:15
Револтирани превозници на Бајаково: „Подобро да си мигрант отколку шофер“
Блокираните транспортери се заканија дека ќе ја истурат расипаната стока на меѓуграничниот појас кај преминот Бајаково, ако Србија и Хрватска не ги тргнат меѓусебните забрани. Револтирани камионџии ги паркирале ладилниците на граничниот појас и не пропуштаат возила во знак на протест.
-
Свет 24.09.2015 12:10
Метеж во Мека, загинаа 150 луѓе
Најмалку 150 верници загинаа, а 400 се повредени во метежот во саудискиот град Мина, близу светиот муслимански град Мека. На аџилак дошле близу два милиона луѓе.
-
Македонија 24.09.2015 11:54
За 24 часа издадени 2.084 потврди за азил и едно барање за признавање право на азил
За 24 часа МВР има издадено потврди на вкупно 2.084 странски државјани, од кои 1.396 се од машки пол, 231 се од женски, 372 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 85 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за п
-
Свет 24.09.2015 11:19
Јемен: Експлозија во џамија во Сана
Најмалку 29 луѓе загинаа, а уште неколку десетици се ранети во експлозија во џамија во јеменскиот главен град каде што верниците се собрале на молитва за Курбан Бајрам. Експлозијата се случила во џамијата Балила, во близина до полициската академија.
-
Свет 24.09.2015 11:12
Меркел ќе разговара со Асад за решавање на конфликтот во Сирија
Германската канцелакрка Ангела Меркел изјави дека треба да разговара со сирискиот претседател Асад, со цел изнаоѓање на решение за сирискиот конфликт кој е причината за миграција на илјадници бегалци.
-
Македонија 24.09.2015 11:05
Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам
Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, по повод големиот муслимански верски празник -
Македонија 24.09.2015 10:59
Отворени откупни пунктови за шумски плодови во Маврово- Ростуше
Во долината на реката Радика, во месноста Пилана и во селото Јанче, отворени се пунктови за откуп на диворастечки производи, дел на проектот на Националниот парк Маврово и УСАИД- Македонија за експанзија на малите бизниси.
-
Свет 24.09.2015 10:51
Папата Франциск во Вашингтон со апел за помош на сиромашните, дискриминираните, бегалците
Со извици на добредојде и лично од американскиот претседател со семејството, Папата Франциск ја започна првата посета на САД. Четвртиот по ред папа којшто ја посетил Америка донесе порака за помош на сиромашните, дискриминираните, бегалците и имигрантите.
-
Свет 24.09.2015 10:38
ЕУ со конкретни одговори на мигрантската криза- ќе формира центри за бегалци во Италија и Грција
Во Брисел уште еден обид за справување со бегалската криза. На вонредниот самит, европските лидери се согласија да дадат милијарда евра помош за Сиријците во бегалските кампови во Турција, Јордан и Либан.










