Вести
-
Македонија 04.09.2015 08:46
Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички за мигрантската криза
Македонија, Австрија, Србија и Унгарија денеска во Охрид ќе потпишат Меморандум за разбирање за преземање неопходни мерки за справување со вонредниот притисок од мигрантската криза која ги засега овие земји. -
Економија 03.09.2015 20:12
ММФ: СДИ ќе креираат 30.000 работни места во Македонија следните 2 до 3 години
Преку 30.000 нови работни места од странски директни инвестиции ќе се креираат во Македонија во следните две до три години, објави Меѓународниот монетарен фонд во извештајот кој излезе денеска од редовната мисија во земјава, спроведена јули годинава. -
Свет 03.09.2015 17:27
Пожари околу Киев, затворени училишта
Градските власти во Киев ја откажаа наставата во училиштата поради големата жештина која во околината на главниот град предизвика и пожари. Украинската престолнина од изутрината е обвиена со црн чад од поажрите кои зафатија област околу градот.
-
Македонија 03.09.2015 17:10
Инфраструктурни проекти како потреба
Изградба на канализационен систем, асфалтирање на неколку улици, реновирање на училишта -жителите на Волково, Ново Село, Хром, Шишево, Љубин, Сарај проблемите со кои се соочуваат му ги кажаа на премиерот Груевски. На лице место се сумираа информации и се договараа решенија.
-
Македонија 03.09.2015 16:59
Експерти: Европските судови би донеле иста одлука како Кривичниот во случајот „Прислушување“
Идентични се законодавствата во европските држави, САД и Mакедонија во однос на неприфаќање на незаконски прибавени докази во судска постапка – коментираат поранешниот врховен судија Павел Манев.
-
Македонија 03.09.2015 16:02
Втор уписен рок за идните бруцоши, слободни места на техничките факултети
Идните бруцоши го бркаат вториот уписен рок за влез на факултет. Медицинските науки со најмногу запишани, слободни места се уште има на техничките факултети. Надлежните за Македонската телевизија велат дека е зголемен интересот за високото образование.
-
Македонија 03.09.2015 15:57
Државна помош за развој на живинарството
Со 3 милиони евра ќе се развива живинарството во земјава. Во наредните четири месеци Министерството за земјоделство со Организацијата за храна, ќе изготват програма со која ќе се поттикне изградбата на живинарски фарми и ќе се зголеми производството на свежо пилешко месо.
-
Економија 03.09.2015 15:38
Три компании добија виза за извоз во Русија
Сирењето и кашкавалот на „Здравје“, „Бучен Козјак“ и на „Балканска млекарница“ добија виза за извоз на огромниот руски пазар. На преостанатите 11 производители Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор им даде дополнителен рок од 60 дена да ги отстранат воочените недостатоци.
-
Македонија 03.09.2015 15:12
Метео: Топло време до крајот на седмицата
Топлото време во Македонија ќе се задржи до крајот на оваа седмица.
Во недела попладне и кон крајот на денот ќе настапи промена со засилен ветер, локален дожд и пад на температурите од понеделник за 5 до 6 степени.
Утре се очекува максимална дневна температура до 38 степени.
-
Свет 03.09.2015 15:10
Јапонија: Почна контроверзниот лов на делфини
Првиот контроверзен лов на делфини годинава почна во Јапонија кога роболовците испловиле и покрај протестите со кои луѓето ги повикувале да се откажат.










