Вести

  • Свет 02.09.2015 11:20

    Осум загинати во пожар во Париз

    Најмалку осум луѓе загинаа во пожар во станбена зграда во Париз. Меѓу загинатите има и деца. Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев е на местото на несреќата, каде се наоѓаат и голем број спасувачки и противпожарни екипи.

  • Економија 02.09.2015 11:16

    Македонски економски самит од 18-ти до 20-ти ноември во Скопје

    Од 18-ти до 20-ти ноември во Скопје ќе се одржи македонскиот економски самит во организација на Македонија 2025. Фокусот на овогодинешниот самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој.

  • Македонија 02.09.2015 11:07

    Седница на Националниот совет за евроинтеграции

    Во Законодавниот дом седница на Советот за евроинтеграции. На дневниот ред јавна расправа по предлог- законот за безбедност во сообраќајот. Освен од пратениците, се очекуваат и експертските мислења како до поквалитетни решенија од областа на безбедноста на патиштата.

  • Македонија 02.09.2015 10:57

    Судот ги отфрли снмките од прислушувањето како незаконити

    Скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на одбраната на владините функционери, од предметот за случајот „Прислушување“ што беше оформен по кривичната пријава од СДСМ, да се издвојат снимките од телефонски разговори и траснкриптите, затоа што биле незаконски прибавени докази, соопштија од Судот

  • Македонија 02.09.2015 10:48

    Изгаснат пожарот кој пустошеше над Велес

    Ноќеска околу еден часот по полноќ изгаснат е пожарот што вчера попладне пустошеше над Велес. И натаму теренот го надлетуваат противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување заради превенција.

  • Македонија 02.09.2015 10:42

    Добар род на оризот

    Оризот добро се развива. Досегашните временски услови овозможуваат надпросечни приноси и квалитетен род.

    Доколку се задржат до жетвата наесен оризопроизводителите се надеваат дека ќе соберат скоро 6 тони по хектар.

  • Македонија 02.09.2015 10:09

    Францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир во Македонија

    Делегација на француското Министерство за надворешни работи и меѓународен развој, предводена од државниот секретар за европски прашања Арлем Дезир, престојува во еднодневна работна посета на државава.

  • Економија 02.09.2015 09:46

    Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Штип

    Караванот „Купи куќа, купи стан“ што го организира Министерството за финансии денеска ќе биде во Штип. Презентацијата за поволностите на проектот ќе се одржи во општинската зграда во 17:30 часот.

  • Македонија 02.09.2015 09:33

    Министерот Јолевски во работна посета на Полска

    Министерот за одбрана Зоран Јолевски е во еднодневна работна посета на Полска.  Предвидена е средба со неговиот домаќин, министерот за национална одбрана, Томаш Шимоњак.

  • Свет 01.09.2015 17:32

    Украина: Примирје на истокот, конфликти во парламентот

    Тешкото оружје стивна на истокот на Украина, според примирјето договорено за првиот училишен ден. Се вжештува во Киев, каде што уште двајца гардисти им подлегна на повредите по насилните протести.

Pages