Вести

  • Свет 31.07.2015 15:56

    Америка од 2006-та ја шпионирала и Јапонија

    САД шпионирале и јапонски политичари, функционери и комапнии, вклучувајќи го и гигантот Мицубиши, се вели во документите што денеска ги објави Викиликс.
  • Култура 31.07.2015 15:51

    Виртуозот Стефан Миленковиќ со „Танго компас“ на Охридско Лето

    Виртуозниот српски виолинист Стефан Миленковиќ и словенечкиот хармоникаш Марко Хатлак, утре на сцената на Античкиот театар во Охрид ветуваат голема енергија, музички набој, страст и импровизација- сето тоа вклопено во неповторлив настап на „Танго компас“.

  • Македонија 31.07.2015 15:20

    Станоиздавачаите во Охрид се соочуваат со проблеми во шпицот на сезоната

    Околу 420 станоиздавачи од колективните стамбени објекти во Охрид во шпицот на туристичката сезона не можат да ги продолжат или да добијат нови решенија за издавање на становите.

  • Македонија 31.07.2015 14:50

    Метео: Сончево и топло за празничниот викенд

    За време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

    Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и ретки грмежи.

    Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник.

  • Економија 31.07.2015 14:49

    Градежниците со полни раци работа, Скопје добива нов урбанистички симбол

    Градежниците со полни раце работа. Се гради речиси во сите општини во Скопје. Покрај  висококатниците на турскиот инвеститор, метрополотата добива и здание во теркот на њујоршката урбанистичка икона „Flatiron“.

  • Македонија 31.07.2015 14:26

    Почина Џон Битов- постариот

    Почина Џон Битов- постариот, еден од најбогатите македонци преку океанот. Битов е роден во Торонто, во 1928 година, беше на чело на голема канадска корпорација за храна со 1.200 вработени и важеше за голем филантроп.

  • Економија 31.07.2015 14:24

    Поевтинува парното

    За 0,19 отсто се намалува цената на парното греење што го обезбедува Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти парното на ЕЛЕМ енергетика. Надоместокот за греење од Скопје-Север останува ист како лани. 
     
  • Свет 31.07.2015 14:20

    Мигрантите повторно во обид да влезат во Велика Британија

    И ноќеска мигранти се обидоа да го пробијат обезбедувањето на Евротунелот за да преминат во Велика Британија. Француската полиција го зголеми бројот на патролите, можеби и британската војска ќе се вклучи во решавањето на таканаречената „сообраќајна криза“.

  • Свет 31.07.2015 14:18

    Наезда од скаклуци во Русија

    Русија се соочува со наезда од скакулци кои ги напаѓаат посевите во јужниот регион Ставропол. Земјоделците не успеваат да се справат со роевите кои се движат со брзина и до 40 километри на час.

  • Македонија 31.07.2015 13:48

    Ќе се гради нова жичница на Попова Шапка

    Ќе се гради нова шестседна жичница на Попова Шапка. Градежните работи ќе започнат наскоро.

    Изведувач на градежните работи е италијанска компанија. Информација за капиталниот проект вреден 30 милиони евра стигна во форма на одговор на пратеничко прашање во Собранието.   

Pages