Вести
-
Свет 04.08.2015 13:49
Во напад на ПКК, загинаа двајца турски војници
Двајца турски војници загинаа, уште двајца се ранети во експлозија на мина на југоистокот на земјата. -
Свет 04.08.2015 13:44
Големи поплави во Индија, над 180 жртви
Неколкудневни монсунски дождови предизвикаа големи поплави во Индија во кои загинаа најмалку 180 луѓе, а над еден милион се евакуираа од најзагрозените подрачја.
-
Македонија 04.08.2015 13:29
Маж и жена тешко повредени, со автомобил удриле во воз
Маж и жена од светиниколското село Ерџелија се тешко повредени, откако автомобилот со кој патувале се судрил со воз на пругата во близина на селото Кадрифаково, Штипско.
-
Македонија 04.08.2015 13:12
Повредениот од невремето во Тетовско во добра здравствена состојба
Во добра здравствена состојба е хоспитализираниот жител од Тетовско на Клиничкиот центар во Скопје. Доцна синоќа бил примен со скршеница на подлактицата.
Нема сериозни повреди, велат докторите од одделот за трауматологија.
-
Македонија 04.08.2015 12:24
Расчистен патот Тетово- Попова Шапка
Расчистен е патниот правец Тетово- Попова Шапка. Сообраќајот се одвива нормално во двата правца.
Поради излевање на реката во село Доброште целосно е во прекин регионалниот пат Тетово- Јажинце.
-
Свет 04.08.2015 12:06
Хрватска ја одбележува 20-годишнината од акцијата „Бура“
Со голема воена парада, Хрватска ја одбележува 20-годишнината од акцијата „Бура“ која почна со напад на хрватската армија во Книн врз војската на Српска Краина.
-
Култура 04.08.2015 11:40
Промовирана монографија за познатиот иконописец Дичо Зограф
Дичо Зограф е автор на повеќе од 2.000 икони во Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Албанија.
-
Македонија 04.08.2015 11:22
Помош од Скопје за Тетово
Градските власти на главниот град испратија експерти, техничари и механизација во градот под Шара за справување со поплавите.
На располагањето на Тетово му се ставени две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода, три противпожарни возила и пумпи.
-
Македонија 04.08.2015 11:18
На „Ало докторе“ досега 45.330 повици
На телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ од 15 септември кога почна да работи, до 1 август, имало 45.330 повици. -
Економија 04.08.2015 11:13
Помали казни за фирмите од среда
Од шест до седум пати пониски казни за малите компании, а двојно пониски за големите - измените во законот за прекршоци му даваат дополнителна шанса на бизнисот.










