Премиерот Никола Груевски оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, при што таа му упатила честитки за решавањето на политичката криза,соопшти владината прес-служба.
Вести
-
Македонија 15.07.2015 16:07
-
Култура 15.07.2015 16:01
Премиера на документарен филм за Вања Лазарова
Лирско патување низ нејзиниот живот преку нејзината песна. Ова е отсликано во документарниот филм за жената која пееше во Карнеги Хол во Лондон, пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Растрепери гласот на познатата певица Вања Лазарова, за дадената чест.
-
Македонија 15.07.2015 15:19
Осум години затвор за убиството во дворот од велешката гимназија
Осум години затвор доби Зоран Димовски за убиството на 90-годишниот велешанец Јован Цилаков, што пред една година се случи во дворот на велешката гимназија.
-
Македонија 15.07.2015 14:34
Иванов: Доаѓа време на отрезнување и освестување
Очекувам нормализирање на политичката клима и да се врати целосната посветеност на евроинтеграциите. Токму на ова поле ни претстојат предизвици, за кои ни се потребни обединетост, меѓусебна доверба и соработка, рече претседателот Иванов во обраќањето до граѓаните.
-
Економија 15.07.2015 14:16
Спасов: Над 3.500 лица вработени преку проектот „Македонија вработува“
Преку проектот „Македонија вработува“ досега работа добиле над 3 илјади и 500 граѓани, информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на Штип.
-
Македонија 15.07.2015 13:56
Амбасадорот Бејли го поздрави вчерашниот договор
Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, поздравувајќи го вчерашниот договор за надминување на политичката криза, изјави дека Македонија треба да продолжи по патот на реформите и евроинтеграциите. Останува безрезервната поддршка на САД.
-
Македонија 15.07.2015 13:04
Решена политичката криза, избори на 24-ти април 2016-та
Маратонот истрчан, политичката криза решена. Четворицата лидери на најголемите политички партии во земјава со посредство на еврохомесарот Хан се договорија вонредните собраниски избори да се одржат на 24-ти април наредната година.
-
Економија 15.07.2015 12:28
Исплатени субвенции за млеко и отштета за поплавите во Кривогаштани
Министерството за финансии исплати 120.079.652 денари субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко.
Средствата се исплатени на 6.446 сточари. Поддршката изнесува 3,5 денари за секој произведен и продаден литар млеко.
-
Економија 15.07.2015 11:55
Проектот „Македонија Вработува“ во Претор
Агенцијата за вработување денеска во Претор ги презентира можностите и поволностите за вработување преку проектот „Македонија Вработува“. Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата.
-
Свет 15.07.2015 11:47
Јемен: 142 цивили убиени во последните 10 дена
Најмалку 142 цивили се убиени во последните 10 денови во Јемен, со што бројот на цивилни жртви за три месеци се искачи на 1.670. Коалициските воздушни напади и копнените борби продолжуваат и покрај примирјето што го издејствуваа Обединетите нации.










