Вчера околу 20.00 часот на ул.„50-та девизија“, поточно во аптека „Еурофарм“, непознат сторител, маскиран и вооружен со нож извршил разбојништво.
Од лице вработено во аптеката одзел сума на пари од околу 16.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.










