Вонредна состојба во Источна Македонија. Браната Калиманци се излеа. Водостојот во Брегалница ќе се зголми за метар и половина. На удар дваесетина населени места. Централниот кризен штаб ја следи состојбата. Жителите на загозените подрачја мора да ги слушаат апелите на надлежните.
Вести
-
Македонија 01.02.2015 18:41
-
Македонија 01.02.2015 18:23
Поплавени домови и ниви на југоистокот од земјава
Надојдените води од циклонот повторно предизвикаа проблеми на југоистокот. Од радовишките села, преку Владевци во Василево, Дабиле, Муртино, Сачево и Просениково во Струмица, Моноспитово во Босилово, реките и каналите поплавија дел домови, дел ниви.
-
Македонија 01.02.2015 18:08
Пелагонија под вода: Оштетени локални патишта и поплавени над 2.500 хектари земјоделски површини
Само за неколку денови Пелагонија повторно е под вода. Оштетени се неколку локални патишта, а поплавени се над 2.500 хектари земјоделски површини. И овој пат причината за поплавата е слабата пропусна моќ и пониското ниво на одводните канали од она кога во Црна Река има зголемен доток на вода.
-
Македонија 01.02.2015 18:06
30 дена притвор за сопругата на Верушевски и струмичкиот функционер
По 30 дена притвор за сопругата на на екс- директорот на УБК Верушевски и струмичкиот функционер, а на Зоран Заев му е изречена мерка за претпазливост и одземен му е пасошот. Вакви одлуки донел судијата на претходна постапка по неколку часовниот распит во скопскиот кривичен суд.
-
Македонија 01.02.2015 17:47
Русија: Темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар
За „Пуч“ во Македонија, реакција и од Министерството за надворешни работи на Русија. Во соопштението се вели –се надеваме дека ќе биде спроведена темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар во Македонија во интерес на стабилноста и безбедноста на земјата.
-
Македонија 01.02.2015 16:44
Американска амбасада: Да се задоволат највисоките стандарди на правната држава
Писмена изјава на Американската амбасада во земјава за акцијата „Пуч“. Велат дека со загриженост го следат кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок. -
Македонија 01.02.2015 16:24
Евакуација на населението, опасност од излевање на Брегалница
Министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб Миле Јанакиески повика на итна евакуција на населението кое живее покрај коритото на реката Брегалница во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Штип. -
Македонија 01.02.2015 15:38
ЦУК: Излеани реки, непроодни локални патишта, села без струја
Поради обилните врнежи од дожд и снег што ноќеска ја зафатија Македонија има излевање на неколку реки и непроодни се повеќе локални патишта. -
Македонија 01.02.2015 14:34
Метео
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од снег особено во попладневните часови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето. -
Македонија 01.02.2015 13:52
Листериозата во Сопот ставена под контрола
Уште 33 грла заболени се во стадото на фармерот Шериф Лимани во кумановско Сопот. Силажата што ја подготвувал самиот сточар е причината за смрта на четвртина од неговите овци. Таму се криела бактеријата. Ситуацијата е под контрола, смируваат надлежните.










