Вооружени напаѓачи упаднаа во луксузен хотел во дипломатскиот кварт во главниот град на Либија, Триполи. Убија петмина странски државјани и тројца припадници на обезбедувањето на „Коринтија“ и држат непознат број заложници.
Вести
-
Свет 27.01.2015 15:16
-
Македонија 27.01.2015 15:10
Бјонберг: Македонскиот здравствен систем е уникатен
Претседателот на здравствената организација „Куќа на здравјето на потрошувачите“, Арне Бјонберг посочи дека реформите во македонскиот здравствен систем како уникатни. Македонија забележа значителен напредок на Европскиот здравствен потрошувачки индекс.
-
Македонија 27.01.2015 14:57
Екстрадиран еден од најопасните криминалци, Алмир Дрпљанин
Со силно полициско обезбедување синоќа беше екстрадиран Алмир Дрпљанин и спроведен во штипскиот затвор за одлежување на бројни затворски казни меѓу кои и доживотни.
-
Култура 27.01.2015 14:45
Саемот на книга во „Матица“- одлична можност да се збогати домашната библиотека
Богатото македонско книжевно творештво по достапни цени. Можност да се збогати домашната библиотека со некој интересен наслов. Граѓаните се жедни за добра книга. Саемот буди голем интерес кај љубителите на пишаниот збор.
-
Македонија 27.01.2015 14:34
Бошковски: Проблем со водата за пиење во Пробиштип нема
Првиот човек на општина Пробиштип ги демантира информациите пласирани во дел од медиумите дека водата во Пробиштип не е за пиење.
Градоначалникот Игор Бошковски вели дека филтер станицата е една од најмодерните во државава.
Уверува дека водата може да се пие.
-
Свет 27.01.2015 14:27
ЕУ: Закани за нови санкции за Русија
Шефовите на држави или влади на 27-тe земји-членки на Европската унија најавија заострување на санкциите против Русија, доколку Москва не ги осуди акциите на проруските сили и не почне со спроведување на договорот од Минск.
-
Свет 27.01.2015 14:10
Осум лица уапсени поради можна поврзаност со исламистички групи
Француската и белгиската полиција упасиле осум лица поради сомнение дека се поврзани со исламистичките групи.
Официјалните лица изјавиле дека имале сознанија дека групата планирала напади врз полицијата, а во нивните домови било пронајдено и оружје.
-
Економија 27.01.2015 13:57
Словенечки експерти ќе помагаат за подобро искористување на ИПАРД средствата
Со техничка помош на Европската комисија, словенечки експерти ќе помогнат во креирање нови мерки кои ќе овозможат подобро искористување на ИПАРД средствата, наменети за руралниот развој.
-
Македонија 27.01.2015 13:43
Поплави: Се санираат штетите
Локалните власти ги санираат штетите по изобилните дождови кои викендов предизвикаа сериозни проблеми во Југоисточниот дел на земјава.
-
Македонија 27.01.2015 13:39
Страдањата на еврејскиот народ не смеат да бидат заборавени
Изминаа 70 години од ослободувањето на логорот Аушвиц. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот. Во Скопје се одржува Меѓународна научна конференција насловена „Дипломатијата и депортацијата на евреите од Македонија во 1943 година“.










