Нови и зголемени субвенции за производителите на фуражни култури. Финансиската поддршка од 15 милиони денари е наменета за набавка на системот капка по капка. Од 15 февруари до 31 март годинава производителите на фуражни култури ќе можат да аплицираат за финансиската поддршка.
Вести
-
Македонија 28.01.2015 13:33
-
Македонија 28.01.2015 13:18
Малолетник пукал во Аеродром- нема повредени
Синоќа се стрелаше од огнено оружје во скопската општина Аеродром. Пред трговскиот центар Капитол, непознато лице од возило во движење испукало неколку куршуми.
Нема повредени во инцидентот, на кој му претходела тепачка меѓу две групи. Било приведено и едно лице вмешано во тепачката.
-
Македонија 28.01.2015 13:15
Кривична пријава за полициски службеник од Скопје за криумчарење мигранти
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против полицискиот службеник од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.
Полицаецот бил вклучен во илегалниот транспорт, а за тоа бил награден со одредена сума пари.
-
Македонија 28.01.2015 13:11
Иванов: Да не се заборави холокаустот
Да не се заборави! И по 70 години, остана сеќавањето за 6-те милиони евреи, кои беа ликвидирани во злогласниот логор на смртта Аушвиц. Околу 300 преживеани вчера се собраа во концентрациониот логор, за да оддадат мементо на холокаустот.
-
Економија 28.01.2015 12:57
Нов пад на цената на суровата нафта
Барел американска лесна нафта за испорака во март на стоковата берза во Њујорк се тргува за 45,53 долари, односно поевтини за 70 центи во однос на вчера. Слични движења и на берзата во Лондон. Нафтата од типот Брент од Северното море поевтини за 60 центи, односно се продава за 49 долари.
-
Свет 28.01.2015 12:53
САД: Ситуацијата со невремето се стабилизира, њујорчани се уште ја чекаат снежната луња
Ситуацијата во делови од САД се нормализира иако невремето и натаму трупа снег. Во сојузната држава Масачусец е повлечена забраната за патување, но невремето остави без струја речиси 35 илјади домаќинства.
-
Економија 28.01.2015 12:37
Откупени половина од планираните количества тутун
Девете компании досега откупија вкупно 10.500 тони тутун со просечна откупна цена од скоро 120 денари за килограм.
Лошото време на почетокот на месецов, во одредени региони го сопре преземањето, но подоцна фирми продолжија со нормална динамика на откупот.
-
Македонија 28.01.2015 10:32
Кумановскиот катастар со нула нерешени предмети
Кумановското катастар е меѓу подобрите во државата во однос на бројот на нерешени барања. Електронското работење резултираше со речиси нула заостанати предмети. Во измината година има примено 65.000 илјади предмети и скоро сите се решени.
-
Македонија 28.01.2015 10:24
Викендов нов бран врнежи, препорака до градоначалниците за будност
По најавата за нов бран на врнежи кој се очекува во петок попладне, Координативното тело за справување со кризи договори мерки кои треба се превземат во следниот период.
-
Македонија 28.01.2015 09:42
Магла на Стража
На планинскиот превој Стража е намалена видливоста до 50 метри поради појава на магла, а повремен снег кој засега не се задржува на коловозот има во Павлешенци, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.










