Поради прекин на интернетот, голем број веб-страници, онлајн игри и апликации детектираа проблеми во работењето.
Според светските медиуми, најверојатна причина е „Веб сервисот на Амазон“. Во САД се пријавени повеќе од 2.000 прекини.
Поради прекин на интернетот, голем број веб-страници, онлајн игри и апликации детектираа проблеми во работењето.
Според светските медиуми, најверојатна причина е „Веб сервисот на Амазон“. Во САД се пријавени повеќе од 2.000 прекини.
Товарен авион „Боинг 747“ од Дубаи, се излизга од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг при слетување при што загинаа две лица. Четиричлена на екипажот во авионот се спасени и хоспитализирана.
Американскиот претседател негира дека побарал од Зеленски да го отстапи целиот регион Донбас на Русија. Трамп предлага земјата да остане како што е сега и да се преговара.
Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.
Прекинот на огнот во Газа на тест. По нападите на југ и на север, Израелската војска соопшти дека примирјето е повторно во сила и дека испораката на помош ќе продолжи. Израелската влада потврди дека армијата нападнала цели во Рафах по отворен оган кон нејзините трупи.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Државната изборна комисија доцна синоќа ги соопшти првичните резултати од локалните избори. Во првиот круг од гласањето коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи во 53 општини, СДСМ ја однесе победата во осум општини, ВРЕДИ има победа во девет, а НАИ во пет.
Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, го призна поразот и му ја честита победата на својот противкандидат од „Вреди“, Изет Меџити. Најави дека за следните политички чекори јавноста ќе ја информира наредните денови.
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на министерски состанок на земјите од Западен Балкан за истражувања и иновации кој ќе се одржува во Подгорица, Црна Гора на 20 и 21 октомври 2025 година.
Меѓународните набљудувачи денеска ќе ги соопштат своите прелиминарни оценки за текот на Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија, на прес-конференција што ќе се одржи во Скопје.