Вести
-
Македонија 19.10.2014 12:45
Јолевски во Белград на регионална конференција за учеството во мировни мисии на ООН
Министерот за одбрана Зоран Јолевски утре ќе учествува и ќе се обрати на дводневната конференција за Зголемено учество на земјите од Западниот Балкан во мировните мисии на Обединетите нации, што се одржува во Белград. -
Свет 19.10.2014 11:28
Протести во Хонг Конг, повредени 20 лица
Дваесет лица се повредени во судирите меѓу полицијата и учесниците во протестите во Хонг Конг изутринава, соопштија локалните власти, нагласувајќи дека тоа е четврта ноќ, во која избиваат судири, кои следеа по тринеделните мирни продемократски демонстрации. -
Македонија 19.10.2014 11:24
Санкции за 987 учесници во сообраќајот
Вкупно 987 учесници во сообраќајот се санкционирани изминатата недела во Скопје, за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Сообраќајната полиција кај 39 возачи утврдила дека управувале возила под дејство на алкохол, кај 68 лицa дека управу -
Економија 19.10.2014 10:36
Делегација на ЕБОР во посета на Македонија
Делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој од денеска до 22-ри овој месец ќе престојува во Република Македонија. -
Култура 18.10.2014 19:59
По три децении Македонија добива современ простор за презентација на богатото културно наследство
Највредните примероци од македонското културно наследство изложени во новиот Археолошки музеј. На едно место 6.000 артефакти од сите историски периоди- сведоштва од праисторијата до средниот век.
-
Македонија 18.10.2014 19:46
Зоран Поповски, нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство
На минатата седница Владата на Република Македонија го именувала Зоран Поповски за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Македонија 18.10.2014 19:40
Индустриски зони: Нови вработувања и локален економски развој за Виница и Берово
Две нови индустриски зони ќе никнат во источниот дел на земјава со што бројката се заокружува на вкупно петнаесет во цела Македонија.
-
Македонија 18.10.2014 19:24
Прскалка од трактор усмрти тригодишно дете во прилепско
Тригодишно дете од прилепското село Секирарци го загуби животот кога врз него паднала прскалка од трактор додека си играло.
-
Македонија 18.10.2014 18:53
ДПА официјално се враќа во Собранието
ДПА и официјално се враќа во Парламентот. Одлуката е донесена на првата седница на новиот состав на партиското собрание, избран по минатонеделниот конгрес.
-
Свет 18.10.2014 18:42
Спречен обид на ИДИЛ за заземање на Кобане
Курдските борци во Кобане успешно одбија нов обид на џихадистите да ги отсечат од турската граница. Гранатиран е сирискиот премин кон Турција, единствениот пат за снабдување за Курдите и излез за бегалците.









