Вести
-
Култура 20.09.2014 11:02
Валентин Васјанович добитник на златна „Камера 300“
Украинскиот кинематографер Валентин Васјанович е годинешен добитник на највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, наградата златна „Камера 300“. Васјанович е награден за неговиот дебитанстки филм како снимател и монтажер „Племето“. -
Македонија 19.09.2014 19:36
Уапсени шефови на царински испостави
Полицијата и царината во заедничка акција. Според информации на МРТ од истрагата, приведени се неколку шефови на царински испостави за злоупотреба на службената положба и уште две лица за помагање.
-
Македонија 19.09.2014 18:57
Охридските ветерани порачаа: Да замолкне оружјето
Да замолкне оружјето и да се искорени насилството.
-
Свет 19.09.2014 18:15
Салмонд си поднесе оставка по поразот на референдумот
Првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд и лидер на сепаратистичката шкотска национална партија (СНП), кој беше предводник на отцепувањето доцна попладневно си поднесе оставка.
-
Македонија 19.09.2014 17:47
Државата инвестира во поквалитетни здравствени услуги
Гинекологија, дигестивна хирургија, кардиологија се дел од 19 специјализации кои во странство ќе ги посетуваат домашни лекари по општа медицина со редовен работен однос во јавните здравствени установи во земјава.
-
Свет 19.09.2014 17:11
Десетици загинати во серија бомбашки напади во Ирак
Десетици луѓе загинаа во серија бомбашки напади во Ирак. Во оделни квартови на Багдад експлодирале автомобили бомби каде загинале 21 лице а 50-тина биле повредени. Во Киркук пак автомобил бомба усмртил 16 мина.
-
Свет 19.09.2014 17:05
Албанија ја гарантира безбедноста на Папата
Не постои ни најмал ризик во врска со посетата на папата Франциско на Тирана на 21 септември тврди албанската полиција. Безбедноста на папата е загарантирана. Некои странски медиуми јавија дека постоеле закани по животот на Папата од милитанти на исламската држава.
-
Свет 19.09.2014 17:01
Маж ја убил ќерката, своите шест внучиња и се самоубил
Педесет и едногодишен маж од Флорида ги убил ќерката и шесте внучиња пред да изврши самоубиство. Дон Спирит ја повикал службата 911 и се застрелал. Претходно тој пукал во својата 28 годишна ќерка и нејзините деца од 4 до 11 годишна возраст. Најмалото било бебе родено во јуни годинава.
-
Македонија 19.09.2014 16:52
Пет турски инвестиции доаѓаат во Македонија
Турската компанија „Про Лајн“ ќе гради фабрика во Македонија. Ќе инвестира три милиони евра во производствен капацитет за пластика. Бизнисот ќе го почне со 50-тина вработени. Локацијата допрва ќе ја утврдува.
-
Свет 19.09.2014 16:49
Шкотланѓаните ја избраа политичката и економската сигурност
Мнозинството Шкоти кажаа “не„, земјата останува дел од Обединетото Кралство. Со 55 насто од гласовите Шкотланѓаните ја избраа политичката и економската сигурност, наспроти националната гордост но и неизвесноста. Чувствата се поделени.
Едни слават.
Други се разочарани.








