Продолжува борбата со поплавите на Балканот. Најкритично е на северозападот од Хрватска. Благодарение на брзата интервенција, избегната е катастрофа во Меѓумурје. Во Сисак се очекуваат два водни брана од Купа и од Сава, уште е опасно во Карловац.
Вести
-
Свет 15.09.2014 19:31
-
Македонија 15.09.2014 17:29
Македонија и Србија договорија заеднички амбасади
Министрите Попоски и Дачиќ потпишаа спогодба за заедничко користење на Дипломатско-конзуларните претставништва во светот. Дополнително ќе се утврдува во кои држави ќе бидат.
-
Македонија 15.09.2014 17:23
По инвестиции во центарот на турската автомобилска индустрија!
Владината делегација предводена од премиерот Груевски во центарот на турската автомобилска индустрија. Се презентираат условите за бизнис во Македонија со цел турските гиганти да отвораат свои фабрики во земјава.
-
Економија 15.09.2014 17:17
Бизнис заедницата: Буџетот е во функција на развој на стопанството
345 милиони евра буџетски пари ќе бидат насочени во капитални проекти и во инфраструктура во 2015-та. Со нив ќе се поддржи растечкиот циклус на градежниот сектор кој придвижува дополнителни дваесетина индустриски гранки.
-
Свет 15.09.2014 16:58
500 мигранти се удавија во Средоземното Море
500 африкански емигранти се удавија во водите на Средоземното Море во обид да стигнат до европскиот брег. Претоварениот брод потонал кај брегот на Либија, спасени се само 36 луѓе.
Годинава само до Италија успеаја да дојдат над 100 000 емигранти.
-
Свет 15.09.2014 16:55
Штрајк во Ер Франс - Откажани летови низ целиот свет
Најмалку половина од летовите на авиокомпанијата Ер Франс се откажани низ целиот свет поради еднонеделен штрајк на пилотите. Гневни се што компанијата префрла дел од дејноста кај нискобуџетните превозници за да се справи со конкуренцијата.
-
Свет 15.09.2014 16:52
Набљудувачите на ОБСЕ на удар на гранатите во Доњецк
Набљудувачи на ОБСЕ два пати се најдоа на ударот на гранатите во Доњецк и покрај примирјето. Во борбите загинаа шестмина цивили.
-
Македонија 15.09.2014 16:52
Започна академската година
Со интонирање на студентската химна, на Економскиот факултет, им беше посакано добредојде на новите студенти. Највисоко рангираните, со ентузијазам работат на остварување на плановите.
-
Свет 15.09.2014 16:48
Германија: Судење на припадник на ИДИЛ
Во Франкфурт почна судењето на Крешник Б., германски државјанин осомничен за тероризам и воени операции во Сирија.
„Обвинетиот се товари дека и се приклучил на ИДИЛ од летото до декември 2013-тата и учествувал во борбени активности“, рече Хорст Салцман, обвинител.
-
Култура 15.09.2014 16:41
„До Балчак“: Успешна премиера и препукувања
Наместо задоволство од успешниот прием кај публиката на долгоочекуваниот македонски филм До Балчак, ново препукување меѓу директорката на фестивалот и режисерот на филмот.









