Вести
-
Македонија 15.09.2014 10:15
Возачките дозволи на македонските граѓани ќе бидат признаени во Црна Гора
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзниниот колега од Црна Гора Рашко Коњевиќ денеска во Подгорица ќе потпишат спогодба за заемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји. -
Македонија 15.09.2014 10:09
Шефот на српската дипломатија на средби во Скопје
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ е во Скопје. Ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а ќе разговара и со претседтелот Ѓорге Иванов и со собранискиот спикер, Трајко Вељаноски.
-
Македонија 15.09.2014 09:56
Врнежите не им требаат на земјоделците
Честите врнежи од дожд прават штети во земјоделството. Негативно се одразуваат на бербата на грозјето и кај јаболката и крушите.
-
Македонија 15.09.2014 09:50
Премиерот Груевски во работна посета на Турција
Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на Република Турција која е значаен економски и трговски партнер на Македонија. -
Македонија 14.09.2014 18:44
Министерката Јанкулоска во едукација на возачите за безбедност во сообраќајот
„Почитувај ги правилата почитувај го животот“ кампањата за безбедност во сообраќајот се одвива со делење флаери на кои е испишана црната статистика за загубени животи од невнимателност во сообраќајот. Акцентот е ставен на пречекорување на брзината и неносењето појас.
-
Свет 14.09.2014 18:28
Циклонот предизвика големи проблеми на Балканот, алармантно во Хрватска и Словенија
Невремето се уште предизвикува големи проблеми во регионот. Во моментов најалармантна е состојбата во Хрватска и Словенија, каде во некои делови е прогласена вонредна состојба. Нивото на реките и натаму расте. Меторолозите не се оптимисти.
-
Македонија 14.09.2014 18:20
Поројните дождови направија проблеми на жителите во Ченто
Mештаните стравуваат дека влагата може да им донесе заразни болести.
-
Економија 14.09.2014 18:08
Струмичките ниви остануваат без македонската ајварка
Да се врати традиционалната куртовска капија на македонско тло, сугерираат експертите. Последниве години напливот на семе од увоз ја истисна македонската ајварка од струмичките ниви, кои во минатото важеле за најголем производител на оваа пиперка на Балканот.
-
Економија 14.09.2014 17:58
Се зголемуваат платите, пензиите и социјалните надоместоци
Државната и јавната администрација ќе добијат покачување од 4 проценти кое ќе биде вклучено во октомврската плата, која административците ќе ја земат во ноември. Ќе пораснат и социјалните надоместоци. Од јули 2015 тие ќе бидат повисоки за 5% .
-
Македонија 14.09.2014 17:25
Есма Реџепова пример за хуманост и човечност
Мајка на 48 деца, баба на 100 –на внуци. Есма Реџепова низ целиот живот згрижуваше деца без родители и го отвори своето срце за да им обезбеди безгрижно детство. Таа е пример за хуманост и човечност. Раскажа како своите утра ги поминувала подготвувајќи ги најмалите за на училиште.









