Од понеделник во осум почнува поднесувањето на барања за отпис на долговите за најранливите категории граѓани. Ќе се бришат старите обврски за потрошена струја, парно, радиодофузна такса, како и долговите кон банките направени до крајот на минатата година.
Вести
-
Македонија 16.08.2014 17:28
-
Македонија 16.08.2014 17:15
Калишта зрачи со својата светост и убавина
Одовде погледот кон Охридското Езеро е највеличествен. Чиниш гледаш во најбистрото море. Карпите -надвиснати над ѕиданиот од човечка рака брег, на кој заплискуваат скротените бранови.
-
Економија 16.08.2014 17:07
Ќе се казнува неовластено тргување со хартии од вредност преку Интернет
Надлежните институции ќе ги казнуваат физичките лица кои на странски пазари тргуваат со хартии од вредност. На интернет се забележани голем број на платформи со понуди кои ветуваат добра и брза заработка.
-
Македонија 16.08.2014 17:01
Пожар во фабрика во Василево
Попладнево околу пладне се запали погонот за производство на био дизел гориво, на фабриката Био Ди Ком во Василево во близина на Струмица.
Вработените го пријавиле избувнувањето на огнот, а на лице место пристигнаа возила на противпожарните служби кои го локализираа огнот.
-
Култура 16.08.2014 16:53
Откриена спомен биста на писателот Стерјо Спасе
Кога се споменува името на Стерјо Спасе, мислите на Македонците во Албанија, се враќаат на далечните 30 ти години од минатиот век, кога на сцена на Албанската литература се појави првиот роман на албански јазик, напишан од 20 годишниот Стерјо, токму тој Македонецот Стерјо, го напиша првиот Албанс
-
Македонија 16.08.2014 16:44
Европски експерти истражуваат автохтони украсни птици
Шарпланинскиот пеач, македонскиот вртач Дунек и Македонската Масарка. Ова се трите сорти украсни птици чии карактеристики ги истражуваат тројца експерти од Хрватска и Белгија.
-
Македонија 16.08.2014 16:34
Лоша година за лозарите
Само малку лозари од источна Македонија годинава се подготвуваат за берба. Обилните дождови и болестите предвреме го обра грозјето.
„Нема никаков род, ништо не остан. Дури и листот на лозата се исуши“, истакна лозар од с. Три Чешми, Штипско.
-
Свет 16.08.2014 16:27
Џихадисти нападнаа село на Јазиди и убија 80 лица
Џихадистите нападнаа село на Језидите во северен Ирак ликвидирајќи 80 мажи и киднапирајќи 100 жени кои биле транспортирани во Мосул и Тал Афар, градови контролирани од екстремистите. Според шефот на ирачката дипломатија Зебери, мажите биле убиени бидејќи одбиле да го прифатат исламот.
-
Свет 16.08.2014 16:19
Меркел побара од Путин да ја сопре поддршката за сепаратистите
Германската канцеларка Ангела меркел побара од рускиот претседател Путин да престане со испраќањето воена опрема и луѓе во Украина.
-
Македонија 16.08.2014 15:04
Од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата за отпис на долгови
Министерството за финансии денеска го објави јавниот повик за еднократен отпис на долгови на најранливите категории, а од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата во Центрите за социјална работа во местата во кои живеат или во оние најблиску до местото на живеење.










