Вести
-
Македонија 11.08.2014 14:52
МНР: Ревизорите откриле неправилности во работењето на амбасадорот Хасановиќ
Конечниот ревизорски извештај открил неправилно управување со дел од ресурсите во Амбасадата во Доха од страна на амбасадорот Фуад Хасановиќ и тој е задолжен да го врати износот на средства во целост. -
Економија 11.08.2014 13:30
Исплатени 75,3 милиони денари субвенции на 2.716 земјоделци
Министерството за финансии денеска исплати 75,3 милиони денари субвенции на 2.716 земјоделци - производители на зеленчук, овошје, како и за одгледувачите на кози. -
Македонија 11.08.2014 13:27
Белорусија забрани увоз на добиток од Македонија поради болеста Модар јазик
Белоруското Министерството за земјоделство воведе привремена забрана за увоз на добиток од Македонија поради појавата на болеста Модар јазик, јави белоруска приватна новинска агенција, повикувајќи се на соопштение на прес службата на Министерството.
-
Свет 11.08.2014 13:17
Ердоган најави нова ера за Турција
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган победи во првиот круг претседателски избори во земјата со што стана првиот претседател избран од народот. Во обраќањето до нацијата го најави новото време за Турција.
-
Економија 11.08.2014 13:09
Поевтини горива од полноќ
Од полноќ поевтинуваат горивата. Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар, реши денеска Регулторната комисија за енергетика.
-
Македонија 11.08.2014 13:06
ФЗОМ: Бесплатна медицинска рехабилитација за деца до 18 години од 1-ви септември
Од 1-ви септември за прв пат бесплатна медицинска рехабилитација за децата до 18 години со онколошки заболувања, заболените од мултиплекс склероза, за осигурениците со ревматоиден артрит и лица со хемофилија.
-
Македонија 11.08.2014 13:02
Честитка на Иванов до новиот претеседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Реџеп Таип Ердоган по повод неговиот избор на функцијата Претседател на Република Турција. -
Македонија 11.08.2014 12:15
Македонците од Голо Брдо и Гора најавуваат референдум против новата територијална поделба
Македонците од Голо Брдо и од Гора, Албанија, најавуваат референдум против новата територијална поделба со која овие општини каде што доминираат Македонци се укинуваат.
-
Свет 11.08.2014 12:05
Одложена изградбата на автопатот Приштина- Блаце
Одложена изградбата на автопатот Приштина- Граничен премин Блаце на косовско-македонската граница.
-
Свет 11.08.2014 10:43
Ердоган: Турција се издигна од пепелта
Досегашниот премиер Ердоган е новиот претседател на Турција. Го надмина прагот од 50 проценти и ја однесе победата уште во првиот круг. Го поддржале околу 56 проценти од гласачите.










