Руски ракети паднаа врз украинските градови во масовен утрински напад. Повторно на удар енергетската инфраструктура, овојпат во Полтава. Киев возвраќа – опожарена трафостаница во Волгоградската област.
Вести
-
Свет 16.10.2025 10:35
-
Македонија 16.10.2025 10:31
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ почнува на 19-ти ноември
Главната расправа за предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19-ти ноември во судницата на Казнено-поправната установа „Идризово“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
-
Свет 16.10.2025 10:26
Хамас предаде тела на уште двајца израелски заложници
Хамас предаде тела на уште двајца израелски заложници, но за останатите 19 му треба повеќе време и опрема.
-
Македонија 16.10.2025 10:22
Финишира предизборната кампања
Kандидатите за градоначалници и советници од партиите и коалициите кои учествуваат на локалните избори ја финишираат предизборната кампања пред утрешниот молк кој почнува на полноќ.
-
Македонија 16.10.2025 10:16
Средба на Сиљановска-Давкова со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината регионална турнеја.
Сиљановска-Давкова ја оцени посетата како охрабрувачка и поттикнувачка за европската реинтеграција на регионот.
-
Македонија 16.10.2025 10:00
Алиу денеска во посета на Општа болница Прилеп
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ќе ја посети Општа болница Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема.
Како што најавија од Здравство, предвидени се изјави за медиуми.
-
Култура 16.10.2025 09:39
18 години од смртта на нашата поп-икона Тоше Проески
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска. Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан.
-
Свет 16.10.2025 09:17
Руски ракети нападнаа украински градови во масовен утрински напад
Руски ракети ги напаѓаат украинските градови во масовен утрински напад, Киев возвраќа-гори трафостаница во Волгоградската област.
-
Македонија 16.10.2025 09:13
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.10.2025 08:32
Во соработка со ЕУ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје – тркалезна маса за заштита на човековите права во Уставниот суд
Денеска во Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе се одржи тркалезна маса посветена на темата: „Примена на Актот на Уставниот суд – постапка за заштита на човековите права и основните слободи (барања)“.









