Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Вести
-
Македонија 16.10.2025 08:20
-
Македонија 16.10.2025 08:06
Општинските изборни комисии денеска ќе го добијат доверливиот гласачки материјал
Од битолската печатница „Киро Дандаро“ утрово се очекува да почне дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за гласањето на Локалните избори 2025 в недела.
-
Македонија 15.10.2025 21:04
Лишен од слобода радовишанец, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа
На магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш, информираат од МВР.
-
Економија 15.10.2025 20:47
Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД
Во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S.
-
Свет 15.10.2025 20:34
Министерски состанок на НАТО и ЕУ за Украина
Русија, европските одбранбени капацитети и поддршката за Украина – главни теми на состанокот на министрите за одбрана на НАТО и ЕУ во Брисел. Сојузниците обединети, и покрај руските обиди за поделба.
-
Македонија 15.10.2025 20:19
Македонија очекува јасна посветеност од ЕУ, за Брисел уставните измени се клучни
Европската перспектива на земјата, реформските процеси, дигиталната трансформација – во фокусот на посетата на Фон дер Лајен. Шефицата на Европската комисија, од Приштина попладнево пристигна во Скопје, на средби со државниот врв.
-
Македонија 15.10.2025 19:49
Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 15.10.2025 19:12
ГМО- иднината на исхраната или закана за здравјето?
Трендот за производство на генетски модифицирана храна во светот постојано се зголемува. Во Македонија ваков вид на храна може да се најде само од увоз.
-
Економија 15.10.2025 18:57
Проблеми и дефекти на стартот од грејната сезона
Ладни радијатори за 88 објекти на првиот ден од почетокот на грејната сезона. Според информациите од ЕСМ Дистрибуција, станува збор за дефекти на внатрешните грејни инсталации, потенцирајќи дека поправките и редовното одржување се обврска на потрошувачите.
-
Македонија 15.10.2025 18:43
„Искуство за успех“: Инфраструктурни проекти и подобри услови во Општина Бутел
Инфраструктурни проекти во Општина Бутел, подобри услови во основните училишта, нови пешачки патеки и поддршка на микро и мали претпријатија се дел од проектите во програмата на коалицијата „Искуство за успех“.










