Народот не го бараме само за избори, ние посветено работиме за него секој ден. Вистински патриотизам е да не ја крадеш државата, за која велиш дека ја сакаш. Да не ги делиш граѓаните на свои и туѓи, да зборуваш за гордост а ги понижуваш со лаги. Патриотизмот не е во зборовите туку во делата.
Вести
-
Македонија 10.10.2025 16:37
-
Македонија 10.10.2025 16:17
Фатон Љури седна на обвинителна клупа, призна дека го прегазил Југослав
„Се чувствувам виновен за сообраќајната несреќа, изразувам сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“ – рече обвинетиот Фатон Љури, кој призна дека со мотоцикл го прегазил скопјанецот Југослав Николовски во пешачка зона, но негираше дека не му дал прв помош.
-
Македонија 10.10.2025 16:04
МАНУ го одбележа Денот на академијата
МАНУ како највисока научна и уметничка институција во државата има долг и обврска да обезбеди иднина во која македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат безбедни и неоспорувани, истакна претседателот Живко Попов во обраќањето на Денот на академијата.
-
Македонија 10.10.2025 15:48
Повторно дежурства на детското одделение во охридската болница
Повторно започна со работа детското одделение во охридската болница. По четири години, откако беше затворено поради недостиг на педијатри, конечно се обезбедени шест специјалисти за исполнување на трисменски дежурства.
-
Македонија 10.10.2025 15:37
И по шест месеци од Кочани се бара психолошка поддршка
На повредените или индиректно засегнати од пожарот во Кочани, сè уште им се пружа психијатриско-психолошка помош. Лузните заздравуваат, но борбата со менталните нарушувања ќе трае, вели директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова.
-
Македонија 10.10.2025 15:14
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра – поднесена кривична пријава до едно лице
На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари.
-
Свет 10.10.2025 14:46
Владата на Нетанјаху даде зелено светло, одобрен договорот за прекин на огнот
Израелската Влада и официјално го одобри планот на Трамп за прекин на огнот во Газа. Во рок од 72 часа од повлекувањето на израелските одбранбени сили, Хамас треба да ги предаде преостанатите 48. заложници, почнувајќи од 20-те за кои се верува дека се живи.
-
Македонија 10.10.2025 14:23
Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со државниот врв
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на балканската турнеја во среда ќе пристигне во Македонија.
-
Свет 10.10.2025 13:59
Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година.
-
Македонија 10.10.2025 13:35
Поднесена кривична пријава за нападот врз Шаини
Лекарот Зекирија Шаини, кон кого во вторникот беше пукано од огнено оружје одржа прес-конференција. Шаини, кој во нападот се здоби со прострелни рани ги отфрли информациите дека се работи за семејно недоразбирање и побара да се најде вистинскиот сторител.










