Вести
-
Економија 07.11.2013 11:50
Македонско-бугарска комора
Македонско-бугарската стопанска комора и општините од источниот дел на земјава со заеднички напори ќе ги поттикнуваат економската соработка на фирмите од Македонија и од Бугарија,инвестициите , како и целосното искористување на парите од Европските фондови наменети за прекугранична соработка -
Македонија 06.11.2013 22:42
Директорката доби кривична
Казна во висина од 5.000 евра за градинката „Детска радост“ и 500 евра за директорката ќе биде изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство поради непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката во која 13 деца имаа симптоми на труење...
-
Македонија 06.11.2013 22:36
Германска подршка за македонска евроинтеграција
Средбата Меркел-Нимиц не значи дека има поместување на позициите на Македонија и Грција во процесот за името, оценува експертската јавност. Взаемно прифатливо решение за името не е можно ако двете страни не попуштат, вели Сашо Клековски.
-
Македонија 06.11.2013 22:06
Македонија и Албанија кон ЕУ
Заеднички напори за интегрирање на двете земји во европската унија и интензивна соработка за подобрување на патната и железничката инфраструктура. Ова се главните сегменти за кои разговарале албанскиот претседател на владата, Еди Рама и македонскиот премиер Никола Груевски.
-
Култура 06.11.2013 15:51
Радио драмата се враќа во етер
На времето кога не секој можеше да си дозволи телевизор, а интернетот беше далеку, радиодрамата ја живееше својата слава.. Слушателите беа врзани на фреквенцијата на Радио Скопје во очекување на новите приказни. .
-
Македонија 06.11.2013 15:46
Обезбеден побрз и полесен пристап до oртопедски помагала
Вештачки раце и нозе наместо за три,од наредната недела ќе се добиваат на две години.Вештачка силиконска дојка ќе се заменува на една наместо како досега на две години . -
Свет 06.11.2013 10:13
Грција повторно во штрајкови
Политехничкиот универзитет во Атина е затворен, откако административните работници излегоа на протести по предлогот на владата да се намали нивниот број. Мерката е дел од реформите за штедење кои се услов за добивање на следната транша меѓународна помош.. -
Свет 06.11.2013 10:04
Бил де Блазио е новиот градоначалник на Њујорк
Сад Бил де Блазио е новиот градоначалник на Њујорк -
Македонија 06.11.2013 09:39
Се искористуваат земјоделските кредити
Од 10,7 милиони евра наменети за кредитирање на преработувачката индустрија и извозот на земјоделските производи до крајот на годинава се очекува да бидат искористени скоро 8 милиони. -
Свет 05.11.2013 14:58
Барател на азил закла тројца норвежани
Претходно напаѓачот бил сместен во приватен центар во местото Ардал и требало да биде вратен во неговата земја. Жртвите се двајца мажи на возраст од 50-тина години и возачот на автобусот, а има и неколкумина повредени.Изјава полицаец, Норвешка







