Израелската војска продолжува со офанзивата во градот Газа. Колони Палестинци бегаат од насилствата.
Израел вели дека целта е да се ослободат заложниците и да се поразат борците на Хамас.
Израелската војска продолжува со офанзивата во градот Газа. Колони Палестинци бегаат од насилствата.
Израел вели дека целта е да се ослободат заложниците и да се поразат борците на Хамас.
Нови напади во Киев во момент кога Украина добива над две милијарди долари американско оружје, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“финансирано од НАТО-сојузниците.
„Ниту една повеќе!“ Испратена силна порака на протестот пред Министерството за внатрешни работи и кај парк „Жена борец“, како одговор на континуираното насилство над жените и сè почестите фемициди.
Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурата во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот.
Граѓаните знаат дека може да пријават случаи на загадување на средината, но често не препознаваат која форма на закана треба да е опфатена. Бројот 070 286 698 функционира, но и пријавата на веб страницата на Државниот инспекторат, вели директорката Гиновска.
Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопштија од ЦУК.
Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија.
Македонија е меѓу земјите во Европа со најголем број смртни случаи, како последица на загадениот воздух, споредено државите во ЕУ, велат експертите.
Нераскинливата врска меѓу САД и Велика Британија крунисана со договор од 150 милијарди фунти, најголем досега меѓу двете земји, за технолошко партнерство и за развој на цивилната нуклеарна програма.
На 3.480 избирачки места ќе се гласа на претстојните локални избори на 19-ти октомври Државната изборна комисија на својата веб – страна ги објави описите, истата процедура треба да ја направат и локалните комисии.
Младите сакаат да комуницираат на интернет, да објавуваат лични податоци, да ставаат слики од себе на социјалните мрежи, но не се доволно едуцирани. Потребно е да имаме безбедна дигитална средина.