Вести

  • Свет 01.09.2025 08:48

    Си Џинпинг и Путин рамо до рамо на Самиот во Шос

    Кинескиот лидер Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка во Тјанџин ја претстави Кина како сила за глобална економска стабилност и вети 280 милиони долари помош за земјите членки, како и формирање Банка за развој, во време кога САД водат царинска војна и ја намалуваат странс

  • Македонија 01.09.2025 08:40

    Почна учебната 2025/2026 година

    За 245.000 ученици денеска почнува новата учебна година.

  • Македонија 01.09.2025 08:30

    Денеска седници на неколку комисии

    Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија, пред утрешната 67.

  • Македонија 01.09.2025 08:23

    Сончево со мала до умерена облачност

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

  • Македонија 31.08.2025 19:39

    Половина век без право на сопственост, а не добиле денар обесштетување од државата

    Половина век одземено им е правото на сопственост, куќите им се распаѓаат, а обесштетување не добиле. Семејствата Момирови и Дамјаноски од Охрид се сопственици на куќите над Античкиот театар, кои откако се откриени археолошките наоди, немаат право да ги обноват семејните домови.

  • Македонија 31.08.2025 18:55

    Препукувања на власта и опозицијата за евроинтеграциите

    Премиерот еднаш бара конструктивност, а друг пат одбива каков било предлог. Филипче жали што Мицкоски не ја прифатил идејата во Собранието да се донесе заедничка резолуција со македонските црвени линии, а ако има ново вето, да запрат преговорите со Брисел.

  • Македонија 31.08.2025 18:04

    Пожар на дивата депонија „Вардариште“

    Попладнево голем пожар на дивата депонија „Вардариште“. Интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Заради пожарот исклучени се далекободите за општините Аеродром и Лисиче, информираат од Центарот за управување со кризи.

  • Македонија 31.08.2025 17:32

    Утре почнува новата учебна година

    90 проценти од учебниците се веќе дистрибуирани во училиштата, останатите ќе бидат доставени во наредните денови. Од Министерството за образование велат дека по 7 години ќе има учебници и за странските јазици, а 7 одделенците и учениците во прва година средно ќе учат и по нова програма.

  • Македонија 31.08.2025 16:25

    Просечна сезона за пчеларите

    Просечна сезона за пчеларите од кумановско. Приносот на мед изнесува околу десет килограми, велат од пчеларското здружение „Пчела“. Со оглед на долгата суша, задоволни од постигнатото. Нешто поголеми количини бележат пчеларите кои ги преселиле пчелните семејства на повисоките места во планините.

  • Македонија 31.08.2025 15:33

    Андоновски: Ја започнуваме кампањата за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk.

Pages