Општата болница со проширена дејност во Кочани доби поголем буџет и 20 нови вработувања. Во тек е набавка на дигитален рендген апарат, а ќе се инсталира и систем за централен довод на кислород. Се обновуваат и просториите на Одделот за физикална медицина.
Вести
-
Македонија 29.08.2025 20:09
-
Свет 29.08.2025 19:43
Градот Газа - опасна борбена зона
Градот Газа, опасна борбена зона. За Израел ова е почетна фаза од планираната офанзива што предизвика меѓународна осуда. Пронајдени се и телата на двајца заложници, вклучувајќи го и еден Израелец кој беше убиен во нападот на 7 октомври, што ја предизвика војната.
-
Македонија 29.08.2025 18:45
Нова патна инфраструктура во североистокот
Се реконструира обиколницата на Крива Паланка. Станува збор за пат во должина од 4,5 километри. Инвестицијата чини 65 милиони денари, средства на јавното претпријатие за државни патишта. Целта е патување кон североистокот, но и соседна Бугарија да биде побрзо и побезбедно.
-
Македонија 29.08.2025 18:05
Лишени од слобода лица од Косово и Турција, запленети две украдени возила
Вчера во 16:05 часот на Граничниот премин Блато полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го привеле Г.П.(40) од Р. Косово кој сакал да влезе во државата со патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки.
-
Македонија 29.08.2025 17:32
АНБ пријавила во Обвинителството незаконско и непрофесионално постапување на ексдиректор и група вработени
Агенцијата за национална безбедност пред околу еден месец доставила три известувања до Јавното обвинителство за поранешен директор и група вработени поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување во службата.
-
Македонија 29.08.2025 17:05
Нема пријава од пациенти за непотребни хируршки интервенции во приватните клиники
До овој момент не е пристигната пријава преку алатката „Пријавете неправилност“ во врска со кардиолошки или кардиохируршки интервенции“. Домашната интерна комисија, составена од врвни експерти од медицината, правото и економијата, за што беше информирана јавноста, веќе ја започна својата работа.
-
Македонија 29.08.2025 16:42
Обвинетиот Љамалари тврди дека бил жртва, а не напаѓач на Арсовска
Сакав да и го тргнам телефонот за да не ме снима, но градоначалничката Арсовска ме клоцна во левата натколеница. Ова го изјави обвинетиот Сулејман Љамалари кој даде исказ на главната расправа.
-
Македонија 29.08.2025 16:20
Ресурсен центар, експерти за поддршка на општините
Владата прави последни напори измените во законот за локална самоуправа да се донесат до 12-ти септември, за кога е закажана и последната седница на Собранието пред локалните избори. Министерот Перински прстот го впери кон СДСМ и ДУИ.
-
Свет 29.08.2025 16:06
Расте бројот на жртви по нападот во Киев
Рускиот претседател Путин ги исмева мировните напори во Украина, изјави шефицата на европската дипломатија. Брисел работи на следниот пакет – санкции за Москва.
-
Економија 29.08.2025 15:52
Зголемен тренд на зимница по нарачка
Ајвар, лутеница, пиперки во низа, мармалад, слатко, туршија. Време е за зимница, но на кој начин приготвена – дома или по нарачка? Прилепчани уште ја чуваат традицијата, ама нагло се зголемува интересот да се купи готово.
За купување зимница првиот сигнал стигнува од социјалните мрежи.










