Над 245.000 основци и средношколци по седум години ги добија новите книги. Учебници се испечатени и за странските јазици, но и за учениците во седмо одделение и средношколците од прва година кои ќе учат по новата концепција.
Вести
-
Македонија 01.09.2025 16:23
-
Македонија 01.09.2025 15:56
Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 82 лица за безобѕирно управување на возило
Во периодот од 01.08.2025 до 31.08.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале про
-
Македонија 01.09.2025 15:37
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 170 примероци од 46 мерни места.
-
Македонија 01.09.2025 15:10
Лишен од слобода дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана
Синоќа околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје.
-
Економија 01.09.2025 14:48
Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август, рекорден раст од 8,9 проценти годинава
За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, информираат од Царинската управа.
-
Свет 01.09.2025 14:15
Путин: Мир во Украина не смее да има врз штета на Русија
Самит на Шангајската организација за соработка во Тјанџин – Кина претставена како клучна економска сила.
-
Македонија 01.09.2025 13:50
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
Македонија е на 51-во место на најновото рангирање на Глобалниот индекс за мир 2025-та, што е пад за четири позиции во однос на лани во услови на влошена глобална безбедносна состојба.
Најмирни држави во светот се Исланд, Ирска и Нов Зеланд. Најнемирни се Украина и Русија.
-
Економија 01.09.2025 13:50
Дизел горивата поскапуваат за половина денар
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 01.09.2025 13:44
Почна судењето за екс-директорот на Геријатрија
Во скопскиот Кривичен суд почна судењето против поранешниот директор на Геријатриската болница Мухсин Арифи и неговиот соработник, обвинети за примање поткуп. Парите што ги побарале требало да обезбедат место во установата за сместување на пациентка која била во тешка здравствена состојба.
-
Македонија 01.09.2025 13:37
Филипче: Резолуција за црвените линии
„Власта има лоши економски политики, не води грижа за работниците во кој било сектор и нема најава за зголемување на платите“ вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во однос на надворешната политика, владата бега од уставни измени и ја кочи земјава на патот до Европската унија.










