Новите протоколи за управување и контрола на влезот во шенген зоната, во фокусот на средбата помеѓу вицепремиерот Александар Николоски и претседателот на ССМ, Азески. Како ќе влијаат на бизнисот?
Известува Александра Велинова.
Новите протоколи за управување и контрола на влезот во шенген зоната, во фокусот на средбата помеѓу вицепремиерот Александар Николоски и претседателот на ССМ, Азески. Како ќе влијаат на бизнисот?
Известува Александра Велинова.
Од утре заклучно до 11-ти септември граѓаните може да го проверат Избирачкиот список и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци. Државната изборна комисија ќе ги проверува барањата. Таму во тек седница.
Известува Анита Димитријевска-Велковска
Дождот помогна по неколкудневната битка со огнената стихија изгаснат е пожарот на Јасен, но сè уште има ризици на жешките точки. За попладне метеоролозите најавуваат силен ветер, опасност за разгорување на пожарите.
Се санираат проблемите со пумпите на хидросистемот „Ѓавато“. Дојранското Езеро е пред нова еколошка катастрофа по повлекување на водата. детектирани се пукнатини на цевки преку кои се полни. Во увид беше и претседателот на владата, Мицкоски.
Амар Мециновиќ, актуелен пратеник и поранешен член на Советот на Град Скопје, ќе биде кандидат за градоначалник на главниот град од партијата Левица.
Вчеравечер во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Г.(34) од с.Просениково, струмичко, поради сомнение дека извршил кражба на мопед. Тој бил задржан во полициска станица, а мопедот бил пронајден и вратен на сопственикот.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.
Општина Аеродром направи значаен чекор кон побезбедна и поздрава средина за децата во детските градинки на нејзината територија, поставувајќи прочистувачи на воздух со највисоки стандарди.
Американскиот претседател Трамп постави нов рок од две недели за мировен договор за Украина, во спротивно најави ќе заземе поинаков пристап.