Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од избори
Вести
-
Македонија 13.10.2025 15:24
-
Македонија 13.10.2025 15:03
Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“
Помала казна затвор добија обвинетите на повтореното судење за случајот „Меѓународен сојуз“. Првообвинетиот Бојан Јовановски од првичните 9, за измама и перење пари е осуден на 5 години казна затвор.
-
Култура 13.10.2025 14:43
Финскиот хор „Доминанте“ со светска премиера на „Јовано, Јованке“ од Дарија Андовска по повод нивниот 50-годишен јубилеј
Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет од 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската пр
-
Македонија 13.10.2025 14:18
Лишени од слобода седум возачи во Тетово, Куманово, Крива Паланка и велешко
На 12.10.2025 во 22:53 часот на ул.„8 Октомври“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(39) од Крива Паланка.
-
Македонија 13.10.2025 13:42
Случајот со д-р Кузмановски ја бранува јавноста
Лекарската комора треба да заседава по случајот со разрешениот доктор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, по видеото на социјалните мрежи на кое се гледа дека користи дрога. Тој се извини и повлече од функцијата но најави дека ќе работи како доктор. -
Култура 13.10.2025 13:41
Министерот Љутков на премиера на претставата „Уна“ во Белград
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на 12 октомври 2025 година присуствуваше на премиерната изведба на театарската претстава „Уна“, во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски.
-
Економија 13.10.2025 13:34
Горивата поевтинуваат од полноќ
Цените на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 73 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за еден денар, и ќе изнесува 75 денари по литар.
-
Економија 13.10.2025 13:22
Дефекти уште пред почетокот на грејната сезона
Два дена пред официјалниот старт на грејната сезона, неколку објекти во Скопје се соочуваат со течење и поплавени ходници,дефекти во внатрешната инсталација на парното греење. Дали е сè подготвено за непречено снабдување со топлинска енергија на 60 илјади домаќинства приклучени во мрежата.
-
Македонија 13.10.2025 13:19
Продолжува судењето за Раде Трајковски - Штекли
Во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот Раде Трајковски - Штекли. Мината недела заврши сослушувањето на вештите лица од Обвинителството. Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука денеска.
-
Свет 13.10.2025 12:54
Израелските затвореници се вратија дома
Хамас ги ослободи сите живи израелски заложници согласно договорот за првата фаза од мировниот план на Трамп. Сите се пристигнати на израелско тло. На плоштадот во Тел Авив силни емоции на радост и среќа.










