Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен ја почна турнејата низ Западен Балкан. Ќе ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот. Утре доаѓа во Скопје на средба со македонскиот државен врв.
Вести
-
Македонија 14.10.2025 10:42
-
Економија 14.10.2025 10:20
Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.
-
Свет 14.10.2025 10:11
Денеска состанок со новата влада со Макрон
Прва средба на новоназначениот кабинет во Франција пред денешниот состанок на новата влада со претседателот Макрон. Според премиерот Лекорну, единствена мисија е да се надминеме политичката криза.
-
Свет 14.10.2025 09:49
Меѓународната заедница подготвена да помогне во стабилизацијата и обновата на Газа
Меѓународната заедница изрази подготвеност за помош на повоените напори во Газа. По мировниот самит во Египет со присуство на 20 лидери, но без Израел, улогата на САД истакната како клучна за мирот на Блискиот Исток.
-
Македонија 14.10.2025 09:36
На Попова Шапка најстудено, Гевгелија најтопло
Утринава, до 8:30 часот, најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен Целзиусов. Спротивно на тоа, најтопло во исто време беше во Гевгелија со 11 степени, известија од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Култура 14.10.2025 09:13
Транснационален настан посветен на унапредувањето на културното наследство преку европска соработка
Во организација на Министерството за култура и туризам денеска во 10 часот во „Порта Македонија“ и утре во „Европската куќа“ ќе се одржи дводневниот транснационален настан посветен на унапредувањето на културното наследство преку европска соработка: Мрежи, мобилност и можности за финансирање од Е
-
Свет 14.10.2025 08:47
Русија продолжува со нападите врз Украина
Русија продолжува со нападите врз Украина. Зеленски ги засили дипломатските напори особено по нападите врз енергетската инфраструктура.
-
Македонија 14.10.2025 08:47
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 14.10.2025 08:43
Ослободени сите 20 живи заложници од Газа
По повеќе од две години војна во Газа, во Египет на мировен самит беше потпишан договорот за мир на Блискиот Исток. На церемонијата присуствуваа над 20 светски лидери, но не и израелскиот премиер.
-
Македонија 14.10.2025 08:28
Продолжува предизборната трка
Како се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, така се интензивираат изборните активности. Реториката сè пожестока.










