Вести

  • Свет 23.07.2025 12:56

    Хуманитарна криза, глад во Газа

    Во Газа, борбата за живот не се сведува единствено на засолништата и избегнувањето на смртоносните израелски проектили. Кога експлозиите стивнуваат, двата милиона жители, сега можеби и далеку помалку, се соочуваат со предизвикот на преживувањето.

  • Култура 23.07.2025 12:34

    Филмски фестивал „Браќа Манаки“

    Со филмот на Теона Митевска „Мајка“ на 20-ти септември во Битола се отвора 46. Издание на најстариот и најпрестижен филмски фестивал „Браќа Манаки“. Најавени се повеќе од 150 интернационални и домашни гости, врвни уметници и филмски автори. И над 40 филма во официјалната програма.

  • Свет 23.07.2025 11:57

    Трговските преговори со САД се во тек

    Шефот на Белата Куќа објави дека е постигнат трговски договор со Јапонија со кој Токио ќе плаќа реципрочни царини од 15 проценти за стоки извезени во САД.

  • Македонија 23.07.2025 11:30

    Претседателот на Собранието синоќа примен во болница

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

    Според болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крвавење и други посериозни симптоми.

  • Свет 23.07.2025 11:03

    СЗО со детали за нападот во Газа

    Специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Виткоф во посета на Блискиот Исток. САД се обидуваат да постигнат договор за 60-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

  • Македонија 23.07.2025 10:45

    МВР: Предупредување за измама на социјалните мрежи

    Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа.

  • Свет 23.07.2025 10:13

    Нова рунда преговори Киев – Москва во Истанбул

    Нова рунда преговори меѓу Киев и Москва во Истанбул. Од Кремљ велат дека не очекуваат значителен напредок, а Русија не отстапува ниту од позициите ниту од првично поставените цели.

  • Македонија 23.07.2025 09:38

    Спречен обид за подметнување пожар

    Шумочуварите на Осоговските планини, во месноста Алтн Врв, спречиле обид за подметнување пожар, на тешко пристапен дел, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

  • Македонија 23.07.2025 09:17

    Зголемена фреквенција на граничните премини

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути.

  • Македонија 23.07.2025 08:46

    ЦУК: Изгаснати се вкупно 29 пожари на отворено, пет се активни

    До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.

Pages