Национална жалост во Бангладеш по падот на тренинг авион врз училиште во Дака. Најмалку 27 лица загинаа, а десетици се повредени. Според властите, кинески борбен авион удрил во петкатна училишна зграда пред да се сруши во зградата на кампусот, предизвикувајќи експлозија и пожар.
Вести
-
Свет 22.07.2025 19:00
-
Економија 22.07.2025 18:43
Турски холдинг сака да вложи милијарда евра во енергетиката
1 милијарда евра инвестиции во енергетиката. Tурски „Казанџи Груп“ и Владата преку Меморандум за разбирање го отворија патот за изградба на когенеративни централи, секундарна гасоводна и топловодна мрежа.
-
Економија 22.07.2025 18:18
Азески: Се колнеме во транспарентност, но транспарентноста ја нема
Девизните резерви се во сигурни раце, рече гувернерот на Народна банка, Трајко Славески кој се сретна со бизнисмените од Стопанската комора. Резервите достигнале околу 4,7 милијарди евра, што според гувернерот, со стабилноста на банкарскиот сектор и дава комотна позиција на земјава.
-
Македонија 22.07.2025 17:38
Владата со препорака за работодавачите поради високите температури
Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо, о
-
Македонија 22.07.2025 17:32
Иницијатива за разрешување на Татјана Димитровска
„Левица“ бара Комисијата за избори и именувања да поднесе заклучок до Собранието за разрешување на Димитровска откако таа стана обвинета за оддавање службена тајна, но и за тоа што му дозволила на друг во нејзино име да полага за безбедносен сертификат.
-
Македонија 22.07.2025 17:18
Македонија под вршник, температури до 42 степена
Вклучен е црвениот метеоаларм, температурите надминаа 40 степени. Во сила се препораките за заштита на населението. Особено внимателни треба да бидат луѓето со кревко здравје и хронични болести.
-
Македонија 22.07.2025 16:47
Предметот историја се враќа како посебен предмет во училиштата
Сменета е програмата за историја за седмо одделение. Од септември повторно се враќа посебниот предмет историја, што со тогашната концепција на претходната влада, со други предмети беше интегриран во општествените науки.
-
Свет 22.07.2025 16:09
Утре нови разговори меѓу Русија и Украина
Светот очекува Зеленски и Путин да седнат на маса за постигнување договор за крај на војната во Украина. Но, засега е извесно само дека двете делегации на утрешната нова рунда разговори во Истанбул ќе разговараат за размената на воени заробеници и за враќањето на киднапираните украински деца.
-
Македонија 22.07.2025 15:17
Се вработуваат 124 лица медицински персонал во прилепската болница
Прилепската болница вработува 124 лица медицински персонал. Нивните договори на одредено ќе се трансформираат на неодредено време. Според болницата во голем дел се надминува проблемот со персоналот.
Во втората фаза ќе се вработат уште 10-тина специјализанти.
-
Македонија 22.07.2025 14:49
Калкулации за локалните избори
Забревтува партиската изборна машинерија и пред официјалното распишување на локалните избори. Партиите веќе објавија дел од своите фаворити за градоначалници, но калкулациите сè уште се во игра особено во делот на коалициите.










